Што да се напише повеќе за денешните квалификации?!? Кога тие се одвиваат на сува патека, се е познато... Во првата Q1 сесија отпаднаат очекувано болидите на Манор, каде Вил Стивенс никако да го победи својот нов тимски колега Александар Роси.
Мекларенот на Фернандо Алонсо повторно по неколку свиоци остана без моќта на Хонда ПЕ. Лотус е во огромни долгови, па можеби и не е изненадување што Пастор Малдонадо не успеа да ја помине оваа почетна сесија, иако ја имаат најмоќната ПЕ на гридот.
Q2 секвенцата повторно без поголеми изненадувања со минимални разлики помеѓу возачите од средината на гридот и само најсреќните од нив успеаа да поминат во најбрзите 10 возачи. Тоа беа Макс Ферстапен, кој се повеќе го покажува својот талент и Нико Хулкенберг со болидот на Форс Индија. Останатите возачи во Топ 10 пласманот во нити еден момент не беа загрозени со испаѓање.
Трката за Големата Награда на Бразил започнува во 17:00 часот по македонско време.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА БРАЗИЛ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:11.282
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:11.360 + 0.078
3. Себастијан Ветел Ферари 1:11.804 + 0.522
4. Валтери Ботас Вилијамс 1:12.085 + 0.803
5. Кими Раиконен Ферари 1:12.144 + 0.862
6. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:12.265 + 0.983
7. Данил Квјат Ред Бул 1:12.322 + 1.040
8. Фелипе Маса Вилијамс 1:12.415 + 1.133
9. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:12.417 + 1.135
10. Макс Ферстапен Торо Росо 1:12.739 + 1.457
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:11.665
11. Фелипе Наср Заубер 1:12.989 + 1.324
12. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:13.045 + 1.380
13. Серџо Перез Форс Индија 1:13.147 + 1.482
14. Маркус Ериксон Заубер 1:13.233 + 1.568
15. Роман Грожан Лотус 1:13.915 + 2.288
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:11.682
16. Пастор Малдонадо Лотус 1:13.385 + 1.703
17. Џенсон Батон Мекларен 1:13.425 + 1.743
18. Александар Роси Манор 1:16.151 + 4.469
19. Вил Стивенс Манор 1:16.386 + 4.601
20. Фернандо Алонсо Мекларен без поставено време
107% време: 1:16.700