Неговото оправдување беше дека и покрај доброто темпо, денес на оваа патека било невозможно да се претекнува. Но, кој губи има право да се лути, а дека може да се претекнува ни покажа летечкиот Холанѓанец, Макс Ферстапен, кој го имаше најдоброто претекнување на денот, по кој знае кој пат покажувајќи дека има Шампионски талент и храбар менталитет. Се разбира, сето ова ако успее да премине во конкурентен тим како Мерцедес АМГ или пак Ферари, кои според шпекулациите започнале борба за неговите услуги.
2015 Шампионатот се завршува за две седмици, на 29 Ноември со трката во Абу Даби, место каде во вторникот, веднаш по трката, Пирели ќе ја одржи својата последна 12 часовна тест сесија за оваа сезона. Таа ќе биде затворена за медиумите, а Пирели ќе издаде само соопштение како поминала.
Голема Награда на Бразил, Интерлагос, Сао Паоло
71 круга, 305.909км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч31:09.090
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 7.700
3. Себастијан Ветел Ферари + 14.200
4. Кими Раиконен Ферари + 47.500
5. Валтери Ботас Вилијамс + 1 круг
6. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1 круг
7. Дањил Квјат Ред Бул + 1 круг
8. Фелипе Маса Вилијамс + 1 круг
9. Роман Грожан Лотус + 1 круг
10. Макс Ферстапен Торо Росо + 1 круг
11. Даниел Рикиардо Ред Бул + 1 круг
12. Пастор Малдонадо Лотус + 1 круг
13. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
14. Фелипе Наср Заубер + 1 круг
15. Џенсон Батон Мекларен + 1 круг
16. Фернандо Алонсо Мекларен + 1 круг
17. Маркус Ериксон Заубер + 2 кругa
18. Вил Стивенс Манор + 4 кругa
19. Александар Роси Манор + 4 кругa
НАЈБРЗ КРУГ: Луис Хамилтон - 1:14.832
БЕЗ ПЛАСМАН:
Карлос Саинц ЈР. - Торо Росо
Генерален пласман по 18 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 363 1. Мерцедес АМГ 660
2. Нико Розберг 297 2. Ферари 401
3. Себастијан Ветел 266 3. Вилијамс 257
4. Валтери Ботас 136 4. Ред Бул 178
5. Кими Раиконен 135 5. Форс Индија 120
6. Фелипе Маса 121 6. Лотус 73
7. Дањил Квјат 94 7. Торо Росо 66
8. Даниел Рикиардо 84 8. Заубер 36
9. Серџо Перез 68 9. Мекларен 27
10. Нико Хулкенберг 52
11. Макс Ферстапен 48
12. Роман Грожан 47
13. Фелипе Наср 27
14. Пастор Малдонадо 26
15. Карлос Саинц ЈР. 18
16. Џенсон Батон 16
17. Фернандо Алонсо 11
18. Маркус Ериксон 9