На состанокот со речиси едногласна одлука, т.е. само еден глас против, беше решено Претседателот на ФИА, Жан Тод, заедно со Берни Еклстоун, носителот на комерцијалните права на Формула 1, да дадат препораки и донесат одлуки во врска со голем број на итни прашања во овој спорт, како што се управувањето, погонските единици и намалување на трошоците. Двајцата ја изразија својата намера заклучоците по овие прашања да ги дадат најдоцна до 31 Јануари, 2016 година.
Светскиот совет за мотоспорт, исто така, одобри одреден број на промени во Техничките и Спортски правила:
Промени во Техничките Правила
- Бројот на дозволени токени за развој на ПЕ во текот на наредните сезони ќе се намалуваат по следниот редослед:
2016 - 32
2017 - 25
2018 - 20
2019 - 15;
- На секој нов производител на ПЕ ќе му бидат доделени 15 токени во својата прва година, а 32 во втората;
- Заштитните области околу главата на возачот ќе бидат зголемени за подобрување на безбедноста.
Промени во Спортските Правила
- Официјалниот снабдувач со гуми од 2016 сезоната треба да обезбеди три смеши за суво време, наместо досегашните две;
- Од 13 сета на гуми за суво на располагање на секој возач, снабдувачот на гуми ќе избере два за трката (само еден од нив ќе треба да се користи), и еден сет (од најмеката смеша), кој ќе може да се користи само во Q3. Потоа секој возач може да ги избере останатите десет комплети од трите понудени смеши;
- Освен кога ќе се користат интермедиа или гумите за влажно време, секој возач ќе мора да искористи најмалку две различни спецификации на гуми за суво време, од кои едната ќе биде избрана од страна на добавувачот на гуми.
- Во случај кога ќе биде употребено Виртуелното безбедносно возило, ДРС-системот ќе биде овозможен веднаш по укинување на периодот на ВБВ. Исто така, ВБВ ќе може да се користи и во тренинг сесиите за да се намали изгубеното време за санација на патеката.
Хомологираните ПЕ од претходните сезони сега ќе може повторно да се хомологираат за тековната сезона. Претходно производителот на ПЕ не можеше да снабдува повеќе од една спецификација на ПЕ. Советот за мотоспорт на ФИА се согласи Ферари да снабдува четврт тим со 2015 спецификацијата на ПЕ за 2016 сезоната. (Торо Росо)
Максималниот број на трки во една сезона е зголемен на 21 а потврден е и календарот за 2016 Ф1 Шампионатот:
1. Австралија | 20 Март | Мелбурн |
2. Бахреин | 3 Април | Бахреин |
3. Кина | 17 Април | Шангај |
4. Русија | 1 Мај | Сочи |
5. Шпанија | 15 Мај | Барселона |
6. Монако | 29 Мај | М.Карло |
7. Канада | 12 Јуни | Монтреал |
8. Азербеџан | 19 Јуни | Баку* |
9. Австрија | 3 Јули | Шпилберг |
10. Британија | 10 Јули | Силверстоун |
11. Унгарија | 24 Јули | Хунгароринг |
12. Германија | 31 Јули | Хокенхајм |
13. Белгија | 28 Август | СПА |
14. Италија | 4 Септември | Монца |
15. Сингапур | 18 Септември | Сингапур |
16. Малезија | 2 Октомври | Сепанг |
17. Јапонија | 9 Октомври | Сузука |
18. Америка | 23 Октомври | Остин** |
19. Мексико | 30 Октомври | Мексико Сити |
20. Бразил | 13 Ноември | Сао Пауло |
21. Абу Даби | 27 Ноември | Абу Даби |
* Може да ја промени датата поради 24 часа Ле Ман
** Може да се откаже ако не биде постигнат договор со промотерот на трката