Кевин Магнусен вели дека неговата Ф1 кариера е спасена во последен момент, со можноста и вербата во него што му ја дадоа одговорните лица во новиот тим на Рено. Договорот е потпишан откако PDSVA, спонзорот на Пастор Малдонадо, не успеал навреме да ги уплати ветените финансии. Данецот, по една година во Мекларен како главен возач и една како резервен, се сели во новиот тим, каде е решен да покаже дека неговите возачки можности се достојни за овој мотоспорт.
"Две сезони без возачко место се премногу, тоа ќе беше крајот на моите Ф1 соништа. Ако сте Шампион, кам-бек е возможен, но за мене ќе беше речиси невозможно. Ова е голема можност, бидејќи не многу возачи добиле втора шанса и тоа со врвен тим. Не можам да ви опишам колку сум среќен. Јас со нетрпение очекувам да седнам во болидот."
"Имав неколку опции, никои од нив не беа 100% сигурни. На некој начин, ќе беше убаво да се испробаат различни тркачки автомобили, DTM автомобил или LMP1 автомобил, но јас секогаш очекував да се вратам во Ф1. Тоа секогаш беше главната цел."
КЕВИН МАГНУСЕН: РЕНО МЕ ВРАЌА ВО ЖИВОТ
2/03/2016 06:28:00 PM
0
Share to other apps