Кој е богат, купува Ферари. Кој е побогат, купува ретки примероци на Ферари. Но, оној што навистина е богат, купува Ферари болид со "педигре". За автомобилите на Ферари важи правилото што поредок и постар примерок тоа е поскап. Ако зад него има вистинска приказна, тоа го прави уште поскап.
Синоќа на аукција во Франција беше постигната рекордна цена од 32.075.200 евра платена за еден автомобил. Рекордерот е 335 S Sport Scaglietti, тркачкиот автомобилот на Ферари користен во далечната 1957 година. Зад неговиот волан седеле возачки легенди како, Мајк Хоторн, Стирлинг Мос, Питер Колинс и Морис Тринтигант, што синоќа направи незаборавна аукција на која светот ќе се сеќава уште долго време. Новиот сопственик не сакаше да го открие својот идентитет, што е разбирливо, барем сега за сега. Единствено се знае дека ќе патува од Франција за САД.
Од овој модел биле конструирани само четири примероци, а продадениот автомобил е во перфектна возна состојба. Повеќе од 40 години бил во сопственост на приватен колекционер од Франција. Моторот на овој болид има близу 400 КС, и покрај својата возраст лесно стигнува до 300 километри на час, но се сомневаме дека новиот сопственик ќе сака да го вози близу таа брзина.
Во него нема модерна технологија, воздушни перничиња, ABS и слично, тогаш кога се возел брзината била страст, но и опасна по живот.
Но, нити еден возач не се двоумел да седна зад воланот и го извади максимумот од него. Затоа во тие времиња беа зачетоците на создавање на митот кон Формула 1 како врв на мотоспортот, што денес со секоја сезона се повеќе и повеќе се деградира, од возачите, менаџерите, тимските директори.
Мислам дека само ние фановите сме истите и сонуваме за тие времиња на полн сјај на нашиот сакан мотоспорт, но никој не не прашува!!! Нешто што би требало да го промениме!!!
РЕКОРДНА ЦЕНА: ФЕРАРИ Е НАЈСКАПИОТ БОЛИД НА СВЕТОТ
2/06/2016 10:16:00 PM
0
Tags
Share to other apps