Предпладневниот тренинг започна со влажна патека и првиот возач што комплетираше круг беше Нико Розберг со болидот на Мерцедес АМГ, користејќи ги зелените, интермедиа, гуми за влажно време на Пирели. Патеката почна да се суши по еден час од почетокот на сесијата, кога Даниел Рикиардо забележа време на медиум гуми и веднаш се најде на првото место на табелата. Во следните 20-тина минути беше период кога патеката беше најсува во текот на целиот ден. Луис Хамилтон го искористи тоа за поставување на најбрзото време на денот, наговестувајќи дека и оваа сезона можеби многу полесно од очекувањата ќе стигне до нова титула.
Дефинитивно добар настап имаше тимот на Форс Индија, кој секогаш беше при врвот на табелата и со двата свои возачи, Нико Хулкенберг и Серџо Перез веднаш зад него. Како што се ближеше предпладневната сесија кон својот крај, дождот повторно започна да паѓа со поголем интензитет, па патеката повторно стана невозможна за возење на гумите за суво време. Даниел Рикиардо и Кими Раиконен ја завршија сесијата во чакалот покрај патеката. Забележаните времиња не може да се употребат за некоја посериозна анализа бидејќи временските услови се менуваа од круг до круг.
Вториот тренинг започна со уште повлажни услови од утрината, па затоа на почетокот никој од возачите не се осмелуваше нити да помисли да излезе на патеката. Нико Розберг беше првиот кој се обиде и ни демонстративно ни покажа дека асфалтот се уште е влажен. Германецот притисна малку повеќе на педалата за гас при излезот од седмиот свиок, следуваше губење на контрола врз својот болид и судир со заштитната ограда покрај патеката, со последица искршено предно крило. До крајот на тренингот тој не се врати во акција, бидејќи во тимот на Мерцедес АМГ имале само едно резервно предно крило. Во текот на ноќта треба да пристигне ново.
Кога патеката беше доволно сува, Кими Раиконен го диктираше темпото на медиум гумите, пред Даниел Рикардо од Ред Бул. Се тоа траеше се додека Луис Хамилтон не се реши да излезе на патеката, по загревачкиот круг го постави најбрзото време и повторно се паркираше во својата гаража. Тој без никакви проблеми беше 6 десетинки побрз од најдоброто време на Раиконен. Следуваше, Нико Хулкенберг со 4 десетинки побавно време од она на Хамилтон.
На 15-тина минути до крајот, повторно дожд, и стопирање на секаква акција на патеката. На крај имавме, генерално досаден и многу бесмислен ден за Ф1 тимовите, возачите и нас фановите. Сите се надеваат на сончево време за третиот слободен тренинг и колку-толку да ги поминат планираните програми за подесување на болидот. Ако се случи тоа ќе имаме многу акција, а со тоа и гужва на саботниот тренинг, кој започнува во 4 часот наутро по македонско време. Квалификациите се закажани за 7 часот.
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВИОТ ТРЕНИНГ
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГА |
| 1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:29.725 | 14 | |
| 2 | Данил Квјат | Ред Бул | 1:30.146 | + 0.421 | 14 |
| 3 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:30.875 | + 1.150 | 13 |
| 4 | Нико Хулкенберг | Форс Индија | 1:31.325 | + 1.600 | 7 |
| 5 | Макс Ферстапен | Торо Росо | 1:31.720 | + 1.995 | 13 |
| 6 | Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:31.814 | + 2.089 | 11 |
| 7 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:33.060 | + 3.335 | 11 |
| 8 | Џенсон Батон | Мекларен | 1:33.129 | + 3.404 | 16 |
| 9 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:33.370 | + 3.645 | 5 |
| 10 | Кевин Магнусен | Рено | 1:34.060 | + 4.335 | 12 |
| 11 | Валтери Ботас | Вилијамс | 1:34.550 | + 4.825 | 6 |
| 12 | Фелипе Маса | Вилијамс | 1:34.679 | + 4.954 | 6 |
| 13 | Фелипе Наср | Заубер | 1:34.796 | + 5.071 | 7 |
| 14 | Џолион Палмер | Рено | 1:35.477 | + 5.752 | 12 |
| 15 | Маркус Ериксон | Заубер | 1:37.956 | + 8.231 | 6 |
| 16 | Паскал Верлајн | Манор | 1:40.401 | + 10.676 | 5 |
| 17 | Кими Раиконен | Ферари | 1:40.754 | + 11.029 | 10 |
| 18 | Естебан Гутиерез | Хас | 1:41.780 | + 12.055 | 8 |
| 19 | Рио Харјанто | Манор | 1:43.372 | + 13.647 | 6 |
| 20 | Роман Грожан | Хас | 1:43.443 | + 13.718 | 6 |
| 21 | Себастијан Ветел | Ферари | / | / | 8 |
| 22 | Карлос Саинц ЈР. | Торо Росо | / | / | 3 |
* 2014: Фернандо Алонсо - Ферари - 1:31.840
* 2015: Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:29.557
РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРИОТ ТРЕНИНГ
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГА |
| 1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:38.841 | 4 | |
| 2 | Нико Хулкенберг | Форс Индија | 1:39.308 | + 0.467 | 8 |
| 3 | Кими Раиконен | Ферари | 1:39.486 | + 0.645 | 7 |
| 4 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:39.535 | + 0.694 | 8 |
| 5 | Карлос Саинц ЈР. | Торо Росо | 1:39.786 | + 0.945 | 14 |
| 6 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:39.895 | + 1.054 | 16 |
| 7 | Џенсон Батон | Мекларен | 1:40.008 | + 1.167 | 12 |
| 8 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:40.761 | + 1.920 | 7 |
| 9 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:41.256 | + 2.415 | 8 |
| 10 | Данил Квјат | Ред Бул | 1:42.411 | + 3.570 | 10 |
| 11 | Естебан Гутиерез | Хас | 1:42.891 | + 4.050 | 8 |
| 12 | Паскал Верлајн | Манор | 1:43.401 | + 4.560 | 22 |
| 13 | Роман Грожан | Хас | 1:43.731 | + 4.890 | 7 |
| 14 | Рио Харјанто | Манор | 1:44.304 | + 5.463 | 22 |
| 15 | Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:47.356 | + 8.515 | 4 |
| 16 | Кевин Магнусен | Рено | / | / | 1 |
| 17 | Џолион Палмер | Рено | / | / | 4 |
| 18 | Фелипе Маса | Вилијамс | / | / | 1 |
| 19 | Валтери Ботас | Вилијамс | / | / | 1 |
| 20 | Маркус Ериксон | Заубер | / | / | 0 |
| 21 | Фелипе Наср | Заубер | / | / | 0 |
| 22 | Макс Ферстапен | Торо Росо | / | / | 0 |
* 2014: Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:29.625
* 2015: Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:27.697











