Од тимот на Вилијамс сметаат дека тие може да бидат пред Ферари во поредокот, врз основа на нивната форма во досегашниот тек на пред сезонските тест сесии. Минатата недела биле фокусирани на издржливоста на болидот, додека сега се префрлиле на перформансите на FW38, но без атакување на најбрзото време.
Род Нелсон, главниот тест инженер во тимот вели: "Времињата се многу блиски и секој ден е малку поразличен. Нема сомневање дека Мерцедес АМГ е многу силен, Ферари помалку. Ние би сакале да мисламе дека сме тука некаде со Ферари."
"Имаме уште некои делови да вградиме на болидот и сигурен сум дека и тие имаат. Оперативно ние треба да бидеме што поефикасни. Ние ќе работиме најдобро што можеме. Мерцедес е далеку напред, но ние би сакале да бидеме втори."
"Последните неколку тест дена се многу добри за нас. Поголемиот дел од минатата недела бевме во потрага по издржливост, а сега ние се обидуваме да ги видиме можностите на нашиот болид. Ние се уште правиме долги стинтови, на кои го утврдуваме тркачкото темпо, но секој ден имаме едночасовни симулации на квалификациите."
"Ние не сме во трка за брзи времиња, симулациите на квалификациите ги правиме во попладневните часови, кога патеката обично е побавна, бидејќи ги сакаме најдобрите услови за тестирање во утринските часови."
ВО ВИЛИЈАМС СЕ НАДЕВААТ ДЕКА СЕ ПРЕД ФЕРАРИ
3/03/2016 11:33:00 PM
0
Share to other apps