Лош старт на Мерцедес АМГ и Луис Хамилтон, кој со оштетен болид и секунда побавен успеа да стигне до третото место на подиумот. Додека тековниот Шампион имаше лош старт на трката и тоа втор пат по ред, Себастијан Ветел не ни стигна да ја стартува трката. Ферари ПЕ во неговиот болид откажа за време на загревачкиот круг.
Прв поен за Мекларен во оваа сезона им донесе Стофел Вандорн, дебитантот кој го заменува Фернандо Алонсо. Повторно трка со многу претекнувања за Роман Грожан и тимот на Хас, и 5-то место на крајот кое им донесе 10 нови поени.
Пред самиот старт, разочарување за Ферари. Себастијан Ветел, за време на загревачкиот круг, застана на патеката, по огромната количина бел чад од моторот на неговиот болид. Тоа беше негов прв неуспешен старт во неговата кариера, оставајќи празно место покрај Раиконен и пред Даниел Рикардо од Ред Бул. Сепак, тоа не им помогна, бидејќи и двајцата имаа слаб старт. Тоа го искористи Валтери Ботас, кој помина покрај нив како брз воз.
Напред на првиот стартен ред, Хамилтон повторно со проблеми, за разлика од својот тимски колега, Нико Розберг, кој успеа да избие далеку напред по првиот свиок. Залетаниот Ботас, не можеше да забави на време во првиот свиок, па во комбинација со слабиот старт на Хамилтон резултатот беше нивни судир во кој Британецот го извлече подебелит крај. Даниел Рикиардо, исто така, учествуваше во овој инцидент, па изгуби дел од предното крило.
Хамилтон падна на 6-то место, додека Маса беше најголемиот добитник си второто место, пред Рикиардо и Ботас. Кими Раиконен лошиот старт го чинеше 5-то место во тој момент. Напред Нико Розберг почнаа да билда разлика, користејќи ги "бавните" болиди зад себе како штит. Единствениот кој можеше да му парира, Кими Раиконен, успеа да стигне до второто место по неколку круга, но до тогаш разликата беше речиси десетина секунди.
Победникот веќе беше решен, а единствено нешто што можеше да го спречи Нико Розберг до првото место беше механички дефект или безбедносното возило.
Луис Хамилтон кога има лош старт го чека не баш тешка задача за враќање кон врвот, користејќи ја силата на болидот на Мерцедес АМГ. Во 17-от круг, тој го претекна Рикиардо за третото место. За нешто повеќе не можело да стане збор бидејќи според инженерите на Мерцедес, оштетувањата го направиле неговиот болид за секунда побавен. Иако, во еден момент се доближи до 5 секунди од Кими Раиконен, тој не можеше да го следи неговото темпо, па неговиот тим се обиде со тактизирање и подолг трет стинт, надевајќи се на безбедносното возило, но ништо и од таа опција, па третото место на подиумот беше максимумот.
Даниел Рикиардо, повторно стигна до 4-тото место и нови 12 поени, за да се најде на третото место во генералниот пласман на возачи пред малерозниот Ветел. Петтото место му припадна на Роман Грожан, кој со болидот на Хас, имаше уште една импресивна трка. Французинот со агресивна стратегија од три стинта на супер-меките гуми на Пирели, по стартот од деветтата стартна позиција успеа да го подобри за едно место својот резултат од Австралија. Новиот тим, Хас, сега се наоѓа на петтото место на табелата на конструктори, пред Торо Росо, Форс Индија, Мекларен, Рено, Заубер и Манор.
Макс Ферстапен со уште еден добар резултат за италијанскиот тим на шестото место, но разочарувачки за нив беше тоа што Карлос Саинц ЈР. не успеа да ја заврши трката. Следуваше Данил Квјат кој со одлични перформанси и стратегија, со старт од 15-тата позиција, заврши на седмото место, кое го превзеде од Фелипе Маса во последниот круг.
Бразилецот беше осми, пред тимскиот колега Ботас, кој беше прогласен за виновен за судирот со Хамилтон и имаше казна од едно поминување низ боксевите. Последниот поен му припадна на Стофел Вандорн, дебитантот во болидот на Мекларен. Староседелецот во тимот, Џенсон Батон, немаше среќа и Хонда ПЕ во неговиот болид откажа во шестиот круг од трката.
Голема награда на Бахреин, Бахреин Интернационална Патека, Сахир.
57 круга, 310.238км., Време: Сува патека.
ПЛАСМАН:
П. Возач Тим Време
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч33:34.696
2. Кими Раиконен Ферари + 10.282
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 30.148
4. Даниел Рикардо Ред Бул + 1:02.494
5. Роман Грожан Хас + 1:18.299
6. Макс Ферстапен Торо Росо + 1:20.929
7. Данил Квјат Ред Бул + 1 круг
8. Фелипе Маса Вилијамс + 1 круг
9. Валтери Ботас Вилијамс + 1 круг
10. Стофел Вандорн Мекларен + 1 круг
11. Кевин Магнусен Рено + 1 круг
12. Маркус Ериксон Заубер + 1 круг
13. Паскал Верлајн Манор + 1 круг
14. Фелипе Наср Заубер + 1 круг
15. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1 круг
16. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
17. Рио Харјанто Манор + 1 круг
Најбрз круг: Нико Розберг - 1:34.482
- 2015 1:36.311
- 2014 1:37.020
БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим
Карлос Саинц ЈР. Торо Росо
Естебан Гутиерез Хас
Џенсон Батон Мекларен
Себастијан Ветел Ферари
Џолион Палмер Рено
Генерален Пласман по 2-ра трка:
Возачи: Конструктори:
1. Нико Розберг 50 1. Мерцедес АМГ 83
2. Луис Хамилтон 33 2. Ферари 33
3. Даниел Рикардо 24 3. Ред Бул 30
4. Кими Раиконен 18 4. Вилијамс 20
5. Роман Грожан 18 5. Хас 18
6. Себастијан Ветел 15 6. Торо Росо 11
7. Фелипе Маса 14 7. Форс Индија 6
8. Макс Ферстапен 9 8. Мекларен 1
9. Нико Хулкенберг 6
10. Данил Квјат 6
11. Валтери Ботас 6
12. Карлос Саинц ЈР. 2
13. Стофел Вандорн 1

