Себастијан Ветел немоќно покрај својот тимски колега...
Кими Раиконен по трката за Големата награда на Бахреин изјави дека неговиот слаб старт ги уништил сите надежи да се обиде да помисли на Победата. Раиконен тргна од четвртата позиција, но падна на петтото место по првиот круг, па кога се врати на второ место веќе беше 10 секунди зад Нико Розберг, водечкиот во тој момент.
"Ова не е премногу лош пласман, но јас имав лош старт и ми требаа неколку круга да се вратам зад Нико. Беше прилично тешко да се вратиме во игра, но ние направивме се што е во наша моќ. Имавме прилично добра брзина, но, недоволна за да победиме на оваа трка."
"Денес, второто место беше најдобриот можен резултат и ние ќе се обидеме да се подобриме. Имавме лош ден за нашиот тим, по откажувањето на другиот болид, па тоа е нештото каде треба да се фокусираме. Треба да се подобри нашата издржливост."

