Ф1 тимовите веќе се во Кина во пресрет на 3-тата трка од оваа 2016 Формула 1 сезона, која ќе се одвива на Шангај Меѓународната патека. Кога парите се основно нешто во Формула 1 мотоспортот, Кинескиот пазар никако не може да биде одминат. Регионот на Шангај станува познат по мотоспорт трките, т.е. место каде се одвиваат повеќе мото настани од светски ранг, па градот генерира специфичен шарм на авто-културата.
Меѓународната патека Шангај е како динамичен пејзаж, со својата огромна главна трибина и елиптичен Падок клуб, кој е преплетен со многу мостови, и со сигурност може да се каже дека е една од најубавите патеки во Ф1 Шампионатот. Во меѓувреме, изгледот на апартманите на тимовите во падокот е незгоден да се разбере како древна кинеска поговорка. Тие се поставени за да личат на "Шанг" кинеска буква, што значи "високо/над".
Првиот комплекс кривини на оваа патека е еден од најтешките во Ф1 Шампионатот и потребен е прецизен пристап и излез од нив. Започнува со вртење од 270 степени кон десно кое бара агресивен влез, кочење при целата кривина, за да на крај следи ненадејна промена на насоката. По оваа кривина следува серија на брзи кривини повторно правец и уште еден сет на кривини слични на тие од број 1 до 3, но во обратна насока.
Следува уште еден долг правец кој завршува со кривина од 180 степени, принудувајќи ги возачите да кочат од 315 до 65км/ч. Тоа воедно е едно од најдобрите места за претекнување.
Пирели и за оваа трка ги номинираше истите три смеши, медиум, мека и супер-мека, како и на претходните две трки од Шампионатот. Според нив временските услови во Шангај секогаш се непредвидливи, а тие имаат големо влијание врз однесувањето на гумите. Како резултат на тоа, кога времето е студено се појавува грејнинг, особено на почетокот од сесиите.
Околу 80% од кругот се свиоци, што значи дека дејството на страничните сили е клучен фактор. Возачите ќе треба да го избегнуваат пролизгувањето на задните тркала, со цел да се минимизира нивната деградација.
По заканите од Ф1 тимовите дека не прифаќаат комбинаторики со Квалификацискиот формат, конечно од оваа трка се враќаме на стариот формат од минатата сезона.
Сеуште ја очекуваме конечната одлука на лекарите од ФИА дали Фернандо Алонсо ќе може да ја вози трката во Кина, имено тој по завршувањето на тренинг сесиите ќе треба да замине на лекарски прегледи за да добие конечно зелено светло за настап на неделната трка.
Луис Хамилтон нема да може да стартува од првата позиција и во случај да ја освои истата, бидејќи поради промената на менувачот од неговиот болид заработи казна од пет стартни места поназад.
Со оваа мала помош возачите на Ферари ќе треба да имаат реална шанса за освојување на две места на Победничкиот Подиум, т.е. ќе се покаже дали 2016 болидот има потенцијал за високи дострели.
Сепак, тука е и Нико Розберг кој ќе има уште една шанса да ја зголеми предноста во генералниот пласман на возачи. Временската прогноза најавува дожд за време на квалификациите, што може уште повеќе може да го направи стартниот поредок невообичаен.
НАЈАВА НА КИНЕСКОТО ГРАН ПРИ
4/14/2016 09:08:00 PM
0
Share to other apps




