По неочекуваното 6-то место на Австралиското ГП, Роман Грожан уште еднаш импресионираше со 5-тото место на штотуку завршената трка во Бахреин. Французинот и самиот се изненадил и не замислувал дека во својата втора трка со болидот на Хас ќе се бори со тимови кои се во близина на врвот од поредокот.
"Беше неверојатно да се борам со Вилијамс, Ред Бул и Торо Росо. Немав никакви проблеми со болидот, па можев да го возам на начин на кој што посакував применувајќи агресивна стратегија на супер-меките гуми."
"Постојат голем број на области каде што може да се подобриме, но ова го продолжува стартот од соништата, јас сум многу среќен во болидот, имам голема доверба во него за време на кочењето, што ми дозволува да нападнам. Многу ми одговара целосниот пакет со сите системи внатре, а тоа ми овозможува да го отклучам целосниот негов потенцијал. Сега ние не треба да летнеме во облаци, туку да продолжиме со напорна работа".
ВТОР ИМПРЕСИВЕН НАСТАП НА РОМАН ГРОЖАН И ТИМОТ НА ХАС
4/03/2016 09:09:00 PM
0
Share to other apps

