Луис Хамилтон мисли дека петочните перформанси на Ферари се реални, и дека тој ќе има тешка борба за да стигне до место на подиумот во неделната трка. Ваквите размислувања на тековниот Шампион се базирани на еден-два пласманот на Раиконен и Ветел на вториот слободен тренинг за Големата Награда на Кина. Розберг и Хамилтон беа на третото и четврто место.
Според Раиконен, Ферари е брз само на супер-меките гуми, но Хамилтон верува дека тоа не е така. Британецот, исто така, ќе ја стартува трката во најдобар случај, не повисоко од шестата позиција, како резултат на казната од 5 позиции поназад за промена на менувачот на неговиот болид.
"Мислам дека бројките се реални, но ќе видиме. Не сум разговарал со моите инженери, но тоа е мојата претпоставка. Ферари се особено силни, така што изгледа дека ќе имаме вистинска борба овој викенд."
"Јас сум зад нив. Тоа значи дека ќе биде потешко да се престигнат, па пласманот на Победничкиот подиум ќе биде потешко остварлив. Се чини дека ќе ја имаме најголемата борба што досега сме ја имале со нив, но тоа ќе биде добро за фановите."
На тренинг сесиите тој не можел да го пронајде вистинскиот баланс на болидот, па така неговите механичари ќе имаат многу работа во текот на ноќта.
"За мене тоа беше тежок ден, но секогаш овие денови постојат. Јас дефинитивно не го имав вистинското подесување на болидот. Балансот не е добар во овој моментот, но ние работиме на тоа."
"Имав неколку грешки, но тие беа последица на лошиот баланс на сопирачките. Ние имаме проблеми во одредени области, но ние ќе работиме напорно за да се поправиме. Научивме многу на денешните сесии, знаеме каде треба да се подобриме, и ние ќе успееме во нашите напори, тоа е сигурно."
ХАМИЛТОН ВЕРУВА ДЕКА ГО ОЧЕКУВА ГОЛЕМА БОРБА СО ФЕРАРИ
4/15/2016 04:07:00 PM
0
Share to other apps

