Денешните Квалификации за Големата Награда на Кина започнаа на недоволно исушена патека по дождот кој паѓаше пред и за време на саботниот тренинг. Појаките тимови излегоа на интермедиа, но послабите ризикуваа на супер-меките гуми на Пирели. Како резултат на тоа Паскал Верлајн со Манор имаше извртување на патеката и заврши во заштитната ограда.
Следуваше период на црвено знаме, во кој патеката дополнително се исуши. Па, така кога сесијата повтоно започна возачите можеа да ги користат супер-меките гуми за поставување брзи времиња. Себастијан Ветел со Ферари го имаше најбрзото време во Q1 сесијата, што ни најави дека шансите на Италијанскиот тим за пласман на Пол позицијата се реално остварливи.
Во Q1 сесијата очекувано отпаднаа болидите на Манор, неочекувано проблеми за тимот на Рено и малерозниот Естебан Гутиерез со болидот на Хаас. Најголемото изненадување беше Луис Хамилтон кој имаше проблеми со ПЕ на Мерцедес и не успеа да забележи време. Тој изјави дека оваа патека е лесна за претекнување, но проблем ќе биде тоа што гумите на Пирели не траат многу, па внимателно ќе треба да се одбере стратегијата за утрешната трка, како би се повторил успехот од минатата сезона кога на трката во Унгарија со старт од последната позиција стигна до подиумот.
Втората сесија и битката за пласман во најбрзите 10 возачи беше многу блиска, а Нико Хулкенберг т.е. неговите механичари налутија многу возачи, а особено Фернандо Алонсо во болидот на Мекларен. Имено пред самиот крај на сесијата предизвика црвено знаме, кога предното лево тркало испадна од неговиот болид, поради тоа што не беше заштрафено. Со тоа сесијата беше предвремено завршена, бидејќи немаше доволно време за забележување на времиња. Напред во Топ 10 поминаа само возачите кои имаа поставено брзи времиња во своите први обиди.
Во Q3, Себастијан Ветел и Ферари решија да штедат на гуми, или пак беа самоуверени во својата брзина, па Германецот реши да вози само еден брз круг во последната сесија од Квалификациите. Тој круг беше со многу грешки од негова страна и на крај може да биде задоволен и со што ќе стартува од четвртата позиција.
Кими Раиконен имаше добар прв брз круг, беше на провизорната Пол позиција, но и тој не успеа да извози добар круг во вториот обид, за разлика од Розберг кој имаше перфектен настап во вториот негов обид. Ја имаше смиреноста на Луис Хамилтон во моменти кога тоа беше најпотребно.
Даниел Рикиардо секогаш зад најбрзите, а тоа денес му го донесе првиот стартен ред. Валтери Ботас дефинитивно се чуствува добро на оваа патека и секогаш има добри настапи на квалификациите, го забележа 5-тото најбрзо време, за разлика од својот тимски колега кој не успеа да влезе во Топ 10. Зад него ќе стартува Данил Квјат со вториот болид на Ред Бул. Останатите позиции од најбрзите 10 болиди ги имаа болидите на Форс Индија и Торо Росо
Редоследот на табелата најавува возбудлива трка за Големата Награда на Кина, која започнува утре, недела, во 08:00 часот по наше време.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА КИНЕСКОТО ГРАН ПРИ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:35.402
2. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:35.917 + 0.515
3. Кими Раиконен Ферари 1:35.972 + 0.570
4. Себастијан Ветел Ферари 1:36.246 + 0.844
5. Валтери Ботас Вилијамс 1:36.296 + 0.894
6. Дањил Квјат Ред Бул 1:36.399 + 0.997
7. Серџо Перез Форс Индија 1:36.865 + 1.463
9. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:36.881 + 1.479
8. Макс Ферстапен Торо Росо 1:37.194 + 1.792
10. Нико Хулкенберг Форс Индија не постави време
Q2 Најбрзо време: Кими Раиконен 1:36.118
11. Фелипе Маса Вилијамс 1:37.347 + 1.229
12. Фернандо Алонсо Мекларен 1:38.826 + 2.708
13. Џенсон Батон Мекларен 1:39.093 + 2.975
14. Роман Грожан Хаас 1:39.830 + 3.712
15. Маркус Ериксон Заубер 1:40.742 + 4.624
16. Фелипе Наср Заубер 1:42.430 + 6.312
Q1 Најбрзо време: Себастијан Ветел 1:37.001
17. Кевин Магнусен Рено 1:38.673 + 1.672
18. Естебан Гутиерез Хаас 1:38.770 + 1.769
19. Џолион Палмер Рено 1:39.528 + 2.527
20. Рио Харјанто Манор 1:40.264 + 3.263
21. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ не постави време
22. Паскал Верлајн Манор не постави време
107% време: 1:43.791


