
Нико Розберг стигна и до четвртата победа од четири трки оваа 2016 сезона. Денес на Големата Награда на Рисија, која се одвиваше на патеката во Сочи пред 60.000 гледачи имаше лесна работа, со добар старт и 100% контролирана трка во нити еден момент не беше загрозен за новата Победа. Како главна карактеристика на оваа трка беше дуелот на Данил Квјат со Себастијан Ветел, кој беше исфрлен од игра веќе во првиот круг.
Водечкиот во генералниот пласман имаше добар старт и ја поведе трката, но целата драма се одвиваше зад него. Себастијан Ветел, кој стартуваше седми, при обид за претекнување на Даниел Рикиардо и влез во втората кривина беше погоден од вториот болид на Ред Бул, зад чиј воолан беше миленикот на домашната публика, Данил Квјат. Од судирот болидот на Ветел се занесе странично и удри во Ред Булот на Даниел Рикардо, кој стартуваше од 5-тата позиција.
Сите тројца успеаа да ја продолжат трката, но со оштетувања на своите болиди, а најтешко помина Германецот кој имаше дупната лева задна гума. Но, како првиот судир да не беше доволен, па при третиот свиок Квјат повторно се удри во задниот дел на Ветел. Овој пат за него немаше спас и заврши во бариерите покрај патеката, додека Русинот остана без предното крило.
Веднаш беше распоредено Безбедносното возило, а "бесниот" Ветел мораше до својата гаража со помош на скутерите од маршалите задолжени за безбедно одвивање на трката. Инженерите на Ред Бул ги повикаа своите возачи во бокс, Квјат по нов нос и алтернативна стратегија на медиум гумите на Пирели. Сепак, се беше залудно, Квјат доби казна од 10 секунди во бокс за предизвикување на судир и не успеа да се опорави. Рикардо, во меѓувреме, се бореше со оштетениот болид и немаше темпо за нешто повеќе, туку само за 11-то место.
Почетниот хаос беше од корист за некои возачи. Луис Хамилтон, кој стартуваше 10-ти на патеката по проблемите со ПЕ во квалификациите, имаше добар старт, успеа да го избегне инцидентот и се искачи на петтото место пред да биде распоредено безбедносното возило. При тоа успеа да помине неказнето по големото скратување на патеката, но најверојатно решението донесено од страна на стјуардите за местото на вклучување назад на асфалтот, кое му донесе опомена во квалификациите, сега во трка работеше во негова полза.
По рестартирањето на трката, Луис Хамилтон веднаш ги нападна Вилијамсот на Фелипе Маса и третопласираниот Ферари на Кими Раиконен и за кратко време успеа да ги претекне и се најде на трето место веднаш зад Валтери Ботас во другиот Вилијамс. Финецот се бранеше храбро, па Хамилтон и Раиконен остана заглавени зад него, додека Нико Розберг направи солидна разлика, која во 15-от крууг беше 9.2 секунди пред Ботас. Тој во следниот круг влезе во бокс за промена на гуми, ослободувајќи ги Хамилтон и Раиконен.
Но, и Британецот веќе во следниот круг ги посети своите механичари за промена на меки гуми. Ботас повторно се најде пред Хамилтон, кој сега со нови гуми многу полесно од очекувањата успеа да го претекне веќе во 19-от круг. Водечкиот болид на Мерцедес АМГ и Нико Розберг ги имаше сите работи под контрола и се реши за промена на супер-меките гуми за меки во 21-от круг. При враќањето на патеката тој имаше разлика од 12 секунди пред својот тимски колега на второто место.
Хамилтон, го вадеше максимумот од својот болид и при средината на вториот стинт успеа да ја намали разликата на 7.7 секунди. Кога се понадевавме дека можеби ќе има сили да нападне за првото место, неговите инженери го известија дека доколку продолжи со тоа темпо неговиот болид нема да издрќи до самиот крај на трката, поради проблеми со притисокот на водата. Шампионот од секунда побрзо темпо, падна на секунда побавно темпо од Германецот. И покрај овие проблеми, Кими Раиконен не успеа да го загрози второто место и возеше осамен до третото место.
Зад позициите на подиумот, Ботас заврши на четвртото место за Вилијамс пред тимскиот колега Фелипе Маса, додека Фернандо Алонсо со одличното шесто место, ги освои првите поени за Мекларен. Кевин Магнусен исто така ги освои првите поени во сезоната за тимот на Рено со седмото место, пред Роман Грожан и Серџо Перез. Позитивниот ден на Мекларен го заокружи Џенсон Батон со десеттото место и еден поен.
Голема Награда на Русија, Сочи
53 круга, 304.356км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч32:41.997
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 25.022
3. Кими Раиконен Ферари + 31.998
4. Валтери Ботас Вилијамс + 50.217
5. Фелипе Маса Вилијамс + 1:14.427
6. Фернандо Алонсо Мекларен + 1 круг
7. Кевин Магнусен Рено + 1 круг
8. Роман Грожан Хас + 1 круг
9. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
10. Џенсон Батон Мекларен + 1 круг
11. Даниел Рикиардо Ред Бул + 1 круг
12. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо* + 1 круг
13. Џолион Палмер Рено + 1 круг
14. Маркус Ериксон Заубер + 1 круг
15. Данил Квјат Ред Бул + 1 круг
16. Фелипе Наср Заубер** + 1 круг
17. Естебан Гутиерез Хас + 2 круга
* 10 секунди казна за исфрлување
друг возач надвор од патеката
** 5 секунди казна за непочитување
на инструкции од директорот на трката
2014: Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч51:43.021
2015: Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч37:11.024
НАЈБРЗ КРУГ: Нико Розберг - 1:39.094
БЕЗ ПЛАСМАН:
Макс Ферстапен Торо Росо
Себастијан Ветел Ферари
Нико Хулкенберг Форс Индија
Рио Харјанто Манор
Генерален пласман по 4 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Нико Розберг 100 1. Мерцедес АМГ 157
2. Луис Хамилтон 57 2. Ферари 76
3. Кими Раиконен 43 3. Ред Бул 57
4. Даниел Рикиардо 36 4. Вилијамс 51
5. Себастијан Ветел 33 5. Хас 22
6. Фелипе Маса 32 6. Торо Росо 17
7. Роман Грожан 22 7. Мекларен 10
8. Данил Квјат 21 8. Форс Индија 8
9. Валтери Ботас 19 9. Рено 6
10. Макс Ферстапен 13
11. Фернандо Алонсо 8
12. Кевин Магнусен 6
13. Нико Хулкенберг 6
14. Карлос Саинц ЈР. 4
15. Серџо Перез 2
16. Џенсон Батон 1
17. Штофел Вандорн 1