Ред Бул ќе има нова возачка постава од трката за Големата Награда на Шпанија. Макс Ферстапен ќе се приклучи на тимот да вози заедно со Даниел Рикиардо. Данил Квјат останува под договор со Ред бул и повторно ќе се приклучи на сестринскиот тим Торо Росо.
Кристијан Хорнер, тимскиот шеф изјави:
"Макс се покажа како одличен млад талент. Неговите перформанси во Торо Росо беа импресивни и ние сме среќни што ќе му дадеме можност да вози за Ред Бул. Ние сме во единствена положба да имаме четири возачи во Ред Бул и Торо Росо под долгорочни договори со Ред Бул, така што имаме можност да ги менуваме возачите помеѓу двата тима."
"Дани ќе биде во можност да продолжи со неговиот развој во Торо Росо, во тим кој му е познат, давајќи му можност да ја поврати својата форма и да го покаже неговиот потенцијал."
ЕСКЛУЗИВНО: РЕД БУЛ СО НОВА ВОЗАЧКА ПОСТАВА
5/05/2016 12:18:00 PM
0
Share to other apps

