Oдговорот е едноставен, нивните времиња беа поставени на меките, додека на Мерцедес АМГ на медиум гумите на Пирели. Претпоставената разлика помеѓу овие смеши е 0.8 до 1.2 секунди, па пресметајте сами кои болиди се побрзи.
Макс Ферстапен постави импресивни времиња во болидот на Ред Бул и беше само 0.2 секунди побавен од својот тимски колега. Во Торо Росо ситуацијата беше поинаква Данил Квјат беше половина секунда побавен од Карлос Саинц ЈР.
Мекларен со различно однесување на надградените болиди. Фернандо Алонсо во Топ 10, додека Џенсон Батон секунда побавен дури со 19-тото најбрзо време.
Вториот слободен трениnг започнува во 14:00 часот, кој се надеваме дека ќе покаже многу повеќе за надградените болиди на повеќето тимови.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГ
1. Себастијан Ветел Ферари 1:23.951 22
2. Кими Раиконен Ферари 1:24.089 + 0.138 18
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:24.454 + 0.503 34
4. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:24.611 + 0.660 33
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:25.416 + 1.465 25
6. Макс Ферстапен Ред Бул 1:25.585 + 1.634 29
7. Валтери Ботас Вилијамс 1:25.672 + 1.721 36
8. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:26.078 + 2.127 19
9. Фелипе Маса Вилијамс 1:26.186 + 2.235 32
10. Фернандо Алонсо Мекларен 1:26.243 + 2.292 18
11. Кевин Магнусен Рено 1:26.576 + 2.625 30
12. Данил Квјат Торо Росо 1:26.583 + 2.632 21
13. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:26.938 + 2.987 27
14. Фелипе Наср Заубер 1:27.064 + 3.115 9
15. Роман Грожан Хас 1:27.253 + 3.302 27
16. Естебан Гутиерез Хас 1:27.258 + 3.307 17
17. Маркус Ериксон Заубер 1:27.283 + 3.332 18
18. Серџо Перез Форс Индија 1:27.392 + 3.441 24
19. Џенсон Батон Мекларен 1:27.610 + 3.659 19
20. Паскал Верлајн Манор 1:28.084 + 4.133 29
21. Рио Харјанто Манор 1:29.052 + 5.101 34
22. Естебан Окон Рено без мерено време 6
* 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:27.023
* 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:26.828

