Како по обичај со петтата трка во сезоната, т.е Шпанското Гран При, започнува првиот европски стинт со "мал" скок до Северно Американскиот континент за Големата Награда на Канада. Барселона е местото каде што повеќето тимови ги аплицираат првите поголеми надградби на болидите.
Мерцедес АМГ доаѓаат во Шпанија како лидери во генералниот пласман на конструктори. Патеката Каталуња се смета како прва "нормална" патека на сезоната, и често обезбедува солидни показатели за целокупните перформанси на болидите, а и традицијата вели дека од 26 досегашни победници, во 19 наврати тимот што бил Победник на крај ја освојувал и Титулата во Шампионатот.
Од аспект на возачи, иако пред почетокот на сезоната имавме најава за поголема борба помеѓу возачите на Ферари и Мерцедес АМГ, таа не започна баш многу возбудливо. Имаме еден ист победник во четирите трки кои веќе се одржаа, но тоа не беше Луис Хамилтон, туку неговиот тимски колега, Нико Розберг. Возачите на Мерцедес АМГ се најголеми фаворити за Победа и на оваа трка.
Со своите 730 метри, правецот од стартната линија до првата кривина во Барселона е најдолг во целата сезона. Самата патека е мешавина од средни и брзи кривини, комплекс од кривини кои се поминуваат со мала брзина и долги правци. Дизајнот на кривините не е особено погоден за претекнување, дури и со помош на ДРС-системот.
На Каталуња треба да се најде вистинскиот компромис меѓу аеродинамичкиот и механички грип, а фактор за подесувањето на болидот кој ќе има важно влијание е и ветерот кој во Барселона многу често ја менува својата насока. Кога сме кај ветерот, метеоролозите најавуваат топло време, амбиентални температури до 21 Целзиусови степени со повремени интервали на облачно време.
Клучните области за брз круг во Барселона е доброто реагирање на новите ПЕ во брзите кривини, како што се тие со број 3 и 8 и да се задржи стабилноста на болидот при сопирање и шалтањето во помали брзини во побавните кривини како што е таа со број 10. Победник на 8 од последните 10 трки на оваа патеката е возачот кој ја освоил Пол позицијата, што подразбира дека квалификациите ќе бидат од исклучително значење.
Пирели за Шпанското ГП ги носи портокаловите тврди, белите медиум и меките гуми. Според нив, под големо оптоварување ќе бидат гумите од левата страна на болидот, со висока побарувачка за тракција од левата задна, поради големиот вртежен момент од новите турбо мотори. Болидите обично се подесуваат за максимална потисна сила за брзите свиоци. Ова потенцијално може да доведе до надуправливост и загревање на смешите до 130 степени целзиусови и да предизвика деградација. Прогнозираната разлика помеѓу различните смеши треба да изнесува 0.8-1.2 секунди.
НАЈАВА НА ШПАНСКОТО ГРАН ПРИ
5/11/2016 04:46:00 PM
0
Share to other apps




