Најголемиот инцидент го имаше Фелипе Маса, на половина час од тренингот, кога при сопирање за влез во првиот свиок, изгуби контрола врз задниот дел од болидот и заврши во бариерите покрај патеката, уништувајќи го задното крило и амортизацијата на задните тркала. Беше покажано црвено знаме, а расчистувањето на болидот траеше околку 15-тина минути.
Покрај Мерцедес АМГ, Ферари и Ред Бул се тимовите кои покажаа перформанси за пласман на Победничкиот подиум. Загрижува фактот што наместо Ферари да се доближуваат до Сребрените Стрели, тие стагнираат, а Ред Бул опасно им се доближува до нивното ниво на брзина. Да не донесуваме пред време заклучоци, па да го почекаме вториот тренинг кој започнува во 20:00 часот по македонско време, интервал кога ќе се одржува и самата трка во недела.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГA
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:14.755 22
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:15.086 + 0.331 30
3. Себастијан Ветел Ферари 1:15.553 + 0.488 22
4. Макс Ферстапен Ред Бул 1:15.618 + 0.798 29
5. Кими Раиконен Ферари 1:15.656 + 0.863 23
6. Валтери Ботас Вилијамс 1:16.301 + 1.546 30
7. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:16.464 + 1.709 24
8. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:16.543 + 1.788 21
9. Серџо Перез Форс Индија 1:16.577 + 1.822 25
10. Фернандо Алонсо Мекларен 1:16.663 + 1.908 18
11. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:16.734 + 1.979 28
12. Џенсон Батон Мекларен 1:16.788 + 2.033 8
13. Роман Грожан Хас 1:17.065 + 2.310 22
14. Фелипе Маса Вилијамс 1:17.261 + 2.506 7
15. Дањил Квјат Торо Росо 1:17.310 + 2.555 24
16. Естебан Гутиерез Хас 1:17.319 + 2.564 24
17. Фелипе Наср Заубер 1:18.103 + 3.348 21
18. Рио Харјанто Манор 1:18.128 + 3.374 21
19. Маркус Ериксон Заубер 1:18.409 + 3.497 8
20. Кевин Магнусен Рено 1:18.453 + 3.654 13
21. Паскал Верлајн Манор 1:18.583 + 3.698 30
22. Џолион Палмер Манор 1:19.051 + 3.828 28
* 2014: Фернандо Алонсо - Ферари - 1:17.238
* 2015: Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:16.212

