Најинтересната борба се водеше помеѓу Ферари и Ред Бул за третата позиција, во која како победник излезе Себастијан Ветел, пред Даниел Рикиардо кој при последниот брз круг имаше минимален контакт со ѕидот на шампионите, но сепак успеа да го помине неговиот тимски колега, Макс Ферстапен.Холанѓанецот беше пред вториот болид на Ферари со Кими Раиконен зад воланот.
Ботас и Маса се пласираа на четвртиот стартен ред, додека Хулкенберг трката ќе ја стартува од деветтата позиција, непосредно пред тимскиот колега, Серџо Перез на 11-тата. Фернандо Алонсо и Џенсон Батон ја имаат истата ситуација, со 10-тата и 12-тата позиција. Големата Награда на Канада започнува утре, Недела, во 20:00 часот по македонско време
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:12.812
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:12.874 + 0.062
3. Себастијан Ветел Ферари 1:12.990 + 0.178
4. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:13.166 + 0.354
5. Макс Ферстапен Ред Бул 1:13.414 + 0.602
6. Кими Раиконен Ферари 1:13.579 + 0.767
7. Валтери Ботас Вилијамс 1:13.670 + 0.858
8. Фелипе Маса Вилијамс 1:13.769 + 0.957
9. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:13.952 + 1.140
10. Фернандо Алонсо Мекларен 1:14.338 + 1.526
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:13.076
11. Серџо Перез Форс Индија 1:14.317 + 1.241
12. Џенсон Батон Мекларен 1:14.437 + 1.361
13. Данил Квјат* Торо Росо 1:14.457 + 1.381
14. Естебан Гутиерез Хас 1:14.571 + 1.495
15. Роман Грожан Хас 1:14.803 + 1.727
16. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:21.956 + 8.880
Q1 Најбрзо време: Нико Розберг 1:13.714
17. Џолион Палмер Рено 1:15.459 + 1.730
18. Паскал Верлајн Манор 1:15.599 + 1.745
19. Маркус Ериксон* Заубер 1:15.635 + 1.885
20. Фелипе Наср Заубер 1:16.663 + 2.949
21. Рио Харјанто Манор 1:17.052 + 3.338
22. Кевин Магнусен Рено Без пост. време
107% време: 1:18.874
* три стартни места поназад
2014. Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:14.874
2015. Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:14.393
