Двата возачи на Мерцедес АМГ имаа лош старт на трката, бидејќи по само 100 метри пред нив се најде Себастијан Ветел. На влез во првиот свиок, Хамилтон ја затвори внатрешната страна, принудувајќи го Нико Розберг да се обиде од надворешната страна, што се покажа како многу лоша одлука и Германецот заврши во тревата.
"Себастијан имаше добар старт, мојот не беше толку лош, а од Луис беше катастрофален. Јас бев од надворешната страна, а тој ја бранеше внатрешната. Тогаш имавме контакт и јас завршив надвор од патеката. Во тој момент бев многу изнервиран, но подоцна се смирив и на крајот мора да констатираме дека ова е тркање."
"Тоа не смее да ми се случи повторно, и треба да се погрижам јас да бидам победникот следниот пат. Потегот многу ме чинеше и работев многу напорно да вратам од изгубените места. Болидот беше одличен, што е уште покатастрофално што стигнав само до петтото место, но Хамилтон покажа дека тимот ја заслужи победата."
Луис Хамилтон призна дека повторно и повторно има проблеми со стартот, а најстрашно е што не знае во што е проблемот, кој денес можеше да доведе до ново двојно откажување на Мерцедес АМГ.
"Мојот старт беше катастрофален. Јас не знам во што е проблемот. Можеби малку го прегреав куплунгот. Себастијан и Нико ме нападнаа од двете страни, гумите беа ладни и имав страшно подуправување. Мило ми е што јас и Нико не ги оштетивме нашите болиди. После тоа се обидував да го стигнам Себ. Болидот беше перфектен, а моите механичари направија одлична работа. Уживав бркајќи го Ветел, и се надевам на многу повеќе борба во наредните трки. Обично не ги посветувам моите победи, но оваа е за фановите на Мухамед Али."
Себастијан Ветел пак рече дека е задоволен од прикажаното темпо на Ферари во Канада и што можел да го предизвика Луис Хамилтон за победата. Тој изрази оптимизам во врска со најновите надградби на Ферари.
"Луис беше малку пребрз, можеби тоа беше проблемот. Имав фантастичен старт, но првиот круг беше на ивицата, бидејќи имав проблеми со сопирачките во обидот да го запрам болидот за влез во последниот свиок. Времето беше многу ветровито, и можеби тоа ни претставуваше тешкотија."
"Прилично рано се одлучивме за поинаква стратегија, со која планиравме да ги победиме Мерцедесите. Луис остана подолго на патеката и имаше шанса да види како ќе се однесуваат гумите. Тие траеа повеќе отколку што ние очекувавме. Тоа ја направи нашата цел многу потешко остварлива, да ја намалиме разликата со Хамилтон и покрај новите гуми. Но, генерално, ова беше одличен викенд за нас. Ние имавме проблеми во последните неколку трки. Сега кога видиме дека болидот ги има потребните перформанси, кои успеавме да ги најдеме... Ова беше навистина забавна трка."
Голема Награда на Канада, Монтреал
70 круга, 305.270км., Време: Облачно.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч31:05.296
2. Себастијан Ветел Ферари + 5.011
3. Валтери Ботас Вилијамс + 46.422
4. Макс Ферстапен Ред Бул + 53.020
5. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 1:02.093
6. Кими Раиконен Ферари + 1:03.017
7. Даниел Рикиардо Ред Бул + 1:03.634
8. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1 круг
9. Карлос Саинц ЈР. Торо Росo + 1 круг
10. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
11. Фернандо Алонсо Мекларен + 1 круг
12. Данил Квјат Торо Росо + 1 круг
13. Естебан Гутиерез Хас + 2 круга
14. Роман Грожан Хас + 2 круга
15. Маркус Ерисон Заубер + 2 круга
16. Кевин Магнусен Рено + 2 круга
17. Паскал Верлајн Манор + 2 круга
18. Фелипе Наср Заубер + 2 круга
19. Рио Харјанто Манор + 2 круга
2014 Д.Рикиардо - Ред Бул - 1ч39:12.830
2015 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1h31:53.145
НАЈБРЗ КРУГ: Нико Розберг - 1:15.599
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ
Џенсон Батон Мекларен
Џолион Палмер Рено
Фелипе Маса Вилијамс
Генерален пласман по 7 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Нико Розберг 116 1. Мерцедес АМГ 223
2. Луис Хамилтон 107 2. Ферари 147
3. Себастијан Ветел 78 3. Ред Бул 130
4. Даниел Рикиардо 72 4. Вилијамс 81
5. Кими Раиконен 69 5. Форс Индија 42
6. Макс Ферстапен 50 6. Торо Росо 32
7. Валтери Ботас 44 7. Мекларен 24
8. Фелипе Маса 37 8. Хас 22
9. Серџо Перез 24 9. Рено 6
10. Данил Квјат 22
11. Роман Грожан 22
12. Фернандо Алонсо 18
13. Нико Хулкенберг 18
14. Карлос Саинц ЈР. 18
15. Кевин Магнусен 6
16. Џенсон Батон 5
17. Штофел Вандорн 1

