Бидејќи казните се применуваат по редоследот по кој се заработени, ФИА најпрво Ветел го помести надолу од четвртата на деветтата позиција. Потоа, Розберг се поместува надолу од втората на седмата позиција. Потоа се применуваат и останатите дополнително заработени казни за непочитување на жолтите знамиња од страна на Џолион Палмер, Фелипе Наср и Рио Харјанто.
Дури тогаш се затвора стартниот поредок. Така, втората и четвртата позиција остануваат празни, се затвораат, што го поместува Розберг од седмата на шестата позиција. Трката за Големата Награда на Австрија започнува утре во стандардниот термин за Европа - 14:00 часот.
2016 АВСТРИЈА ГП - СТАРТЕН РЕДОСЛЕД
П. ВОЗАЧ ТИМ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ
2. Нико Хулкенберг Форс Индија
3. Џенсон Батон Мекларен
4. Кими Раиконен Ферари
5. Даниел Рикиардо Ред Бул
6. Нико Розберг Мерцедес АМГ
7. Валтери Ботас Вилијамс
8. Макс Ферстапен Ред Бул
9. Себастијан Ветел Ферари
10. Фелипе Маса Вилијамс
11. Естебан Гутиерез Хас
12. Паскал Верлајн Манор
13. Роман Грожан Хас
14. Фернандо Алонсо Мекларен
15. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо
16. Серџо Перез Форс Индија
17. Кевин Магнусен Рено
18. Данил Квјат Торо Росо
19. Маркус Ериксон Заубер
20. Џолион Палмер Рено
21. Рио Харјанто Манор
22. Фелипе Наср Заубер