Тоа го искористија болидите на Ред Бул и Ферари за второто и трето најбрзо време, но разликата е огромна како планина на толку кратко растојание, па кога ќе се помножи со круговите во трка речиси е невозможно некој од нив да се вмеша во борба за Пол позицијата или Победа на неделната трка. Според неофицијалните информации од лице место, Ферари ќе треба да ги менува турбо полначите на своите болиди, по што може да следи и некоја казна за нив. Updatе: Тоа ќе биде четврт Турбо кај Ветел, па за сега нема казни.
Секако најпријатно изненадување на денот се болидите на Мекларен, кои повторно се најдоа во топ 8 пласманот, победувајќи ги за малку болидите на Форс Индија, со Алонсо и Батон на седма и осма позиција на табелата, пред Хулкенберг и Перез. Квалификационата сесија за Големата Награда на Унгарија е утре, сабота, со почеток во 14:00 часот.
2016 УНГАРИЈА ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА К.
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:20.435 45
2. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:21.030 + 0.595 36
3. Себастијан Ветел Ферари 1:21.348 + 0.915 31
4. Макс Ферстапен Ред Бул 1:21.770 + 1.335 35
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:21.960 + 1.525 4
6. Кими Раиконен Ферари 1:22.058 + 1.623 46
7. Фернандо Алонсо Мекларен 1:22.328 + 1.893 21
8. Џенсон Батон Мекларен 1:22.387 + 1.952 34
9. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:22.449 + 2.014 41
10. Серџо Перез Форс Индија 1:22.653 + 2.218 38
11. Естебан Гутиерез Хас 1:22.673 + 2.238 38
12. Фелипе Маса Вилијамс 1:22.681 + 2.246 39
13. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:22.689 + 2.254 24
14. Валтери Ботас Вилијамс 1:22.773 + 2.338 38
15. Роман Грожан Хас 1:22.864 + 2.429 28
16. Данил Квјат Торо Росо 1:22.948 + 2.515 43
17. Кевин Магнусен Рено 1:23.347 + 2.912 41
18. Маркус Ериксон Заубер 1:23.437 + 3.002 36
19. Џолион Палмер Рено 1:23.528 + 3.093 12
20. Фелипе Наср Заубер 1:23.986 + 3.551 31
21. Паскал Верлајн Манор 1:23.992 + 3.557 22
22. Рио Харјанто Манор 1:24.265 + 3.830 36
* 2014: Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:24.482
* 2015: Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:23.949
Хамилтон со најголемото излетување на денот...