По едногодишна пауза Ф1 се враќа на патеката Хокенхајмринг, каде во 2014 година Нико Розберг стигна до доминантна победа, водејќи од самиот старт до финишот. Оваа сезона притисокот е повторно на него, особено по превземањето на лидерската позиција од страна на неговиот тимски колега, Луис Хамилтон, во генералниот пласман на возачи. Првиот тренинг започна со добра форма на Германецот, при што неговото најбрзо време беше за три десетинки побрзо од Британецот.
Две промени во возачките постави на тимовите, Естебан Окон беше во болидот на Џолион Палмер и Чарлс Леклерк во болидот на Естебан Гутиерез. Првиот свиок беше најнезгоден за возачите, место каде имаше многу излети надвор од патеката. Само во последните две минути тоа го направија Хамилтон, Рикиардо (два пати), Перез, Ферстапен (два пати), Ветел (двапати) и Раиконен.
2016 ГЕРМАНИЈА ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА К.
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:15.517 32
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:15.843 + 0.326 30
3. Себастијан Ветел Ферари 1:16.667 + 1.150 29
4. Кими Раиконен Ферари 1:16.852 + 1.335 23
5. Макс Ферстапен Ред Бул 1:16.927 + 1.410 29
6. Даниел Рикардо Ред Бул 1:17.089 + 1.572 30
7. Фернандо Алонсо Мекларен 1:17.183 + 1.677 18
8. Џенсон Батон Мекларен 1:17.612 + 2.095 15
9. Данил Квјат Торо Росо 1:18.008 + 2.491 24
10. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:18.044 + 2.527 22
11. Маркус Ериксон Заубер 1:18.198 + 2.681 28
12. Валтери Ботас Вилијамс 1:18.210 + 2.693 36
13. Фелипе Маса Вилијамс 1:18.322 + 2.805 33
14. Роман Грожан Хас 1:18.589 + 3.072 20
15. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:18.591 + 3.074 35
16. Серџо Перез Форс Индија 1:18.628 + 3.111 29
17. Чарлс Леклерк Хас 1:18.882 + 3.365 32
18. Кевин Магнусен Рено 1:18.933 + 3.416 35
19. Фелипе Наср Заубер 1:18.961 + 3.444 22
20. Естебан Окон Рено 1:18.981 + 3.464 30
21. Рио Харјанто Манор 1:19.167 + 3.650 34
22. Паскал Верлајн Манор 1:19.975 + 4.458 33
* 2014: Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:19.131
* 2015: /