Стратегиската група за Формула 1, тимовите, возачите и ФИА веќе не знаат кој пат да го фатат при донесувањето на нови, поништување на истите, изменување на правилата по примена на само една трка и после се чудат зошто гледаноста на овој мотоспорт драстично опаѓа. По денешниот состанок некои се донесоа едногласно, додека некои треба дополнително да се разгледаат, како на пример стартовите кога имаме влажна патека и користење на лимитите на патеката. Се на се Ф1 оди УПМ.
Фронтална заштита на кокпитот на болидите.
Стратегиската Група за Формула 1 едногласно донесе одлука дека фронталната заштита на кокпитот на Ф1 болидите ќе се воведе од 2018 сезоната со цел на значително подобрување на безбедноста на возачите. Беше одлучено дека ќе биде мудро да се искористи вториот дел од оваа сезона и почетокот на следната за понатамошта евалуација на целосниот потенцијал на сите опции пред конечна одлука. Ова ќе вклучува повеќе тестови на ХАЛО-системот на тренинг сесиите во остатокот од оваа сезона и во текот на првиот дел од сезоната 2017. ХАЛО-системот останува највројатната опција на заштита за воведување во 2018 година.
Радио Комуникација
На барање на носителот на комерцијалните права и на тимовите, ФИА се согласи да применува полиберален пристап кон толкувањето на член 27.1 (дека возачот мора да го вози болидот "сам и без помош"). Со исклучок на периодот од почетокот на формацискиот круг и стартот на трката, нема да има ограничувањата на пораките што тимот ги испраќа до нивните возачи, преку радио-врска или табли на пит-ѕидот. Овој пристап е во насока на обезбедување на подобри содржини за фановите и гледачите, плус сега тимовите ќе треба да обезбедат неограничен пристап до нивните радио пораки на носителот на комерцијалните права во секое време додека болидите се надвор од нивните гаражи.
НЕ Е ШЕГА: ПОВТОРНО ИЗМЕНИ НА ПРАВИЛАТА
7/28/2016 11:28:00 PM
0
Share to other apps