Во првата сесија Ферстапен заврши на седмото место, зад Рикиардо. Дел од причината за тоа беше и одлуката на Мерцедес АМГ да ги употреби супер-меките гуми, додека нивните конкуренти се држеа до традицијата и ја чуваа најмеката смеша на Пирели за попладневниот тренинг. Со тоа се овозможи да се има натпрвар помеѓу останатите тимови, битка која ја доби младиот Холанѓанец, бодрен од многубројните негови фанови на трибините.
Себастијан Ветел со Ферари беше четврти најбрз, но со големо заостанување од 0.938 зад најбрзото време. По него следуваше, Серџо Перез, со петтото и Нико Розберг со шестото најбрзо време. Неговиот најдобар круг беше забележан на меките гуми на Пирели.
Кими Раиконен во вториот Ферари беше седми најбрз, пред болидот на Хас со Роман Грожан зад неговиот волан. Џенсон Батон и Естебан Гутиерез го комплетираа топ 10 пласманот на овoј втор слободен тренинг. Британецот ја користеше новата надградена ПЕ на Хонда, со охрабрувачки резултат за Мекларен по проблематичната утринската сесија во која Фернандо Алонсо успеа да излезе само три пати на патеката, но без да комплетира еден целосен круг.
Шпанецот со целосно променета ПЕ во попладневните часови комплетираше 30 круга и го имаше 12-тото најбрзо време, но новиот мотор значи многу позиции поназад за стартот на неделната трка.
Лидерот во шампионатот Луис Хамилтон заврши на 13-тото место на табелата, а за поставување на брзите кругови тој ја користеше необележаната, прототип мека гума на Пирели. Тој исто така доби нови делови на Мерцедес ПЕ, со што ќе има дополнителни 15 места поназад, вкупно триесет за сега. Има најава за нови делови и за утрешниот тренинг со што ќе се пополни потребната залиха за делови за преостанатиот дел од сезоната.
Саботниот тренинг започнува утре во 11:00 MK, додека Квалификациите се во стандардниот термин од 14:00 часот. Тимовите се соочуваат со голема деградација на гумите, поради невообичаено топлото време за СПА-Франкоршамп. Во нив лежи и причината за интригантните позиции на табелата, и како што кажаа од Ферари: Може многу да се добие, но и да се изгуби, ако сонцето продолжи да го загрева асфалтот на оваа култна Ф1 патека
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
Нервозата кај Ветел/Ферари, присутна и на овoј викенд...

П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Макс Ферстапен Ред Бул 1:48.085 27
2. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:48.341 + 0.256 27
3. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:48.657 + 0.572 30
4. Себастијан Ветел Ферари 1:49.023 + 0.938 27
5. Серџо Перез Форс Индија 1:49.100 + 1.015 27
6. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:49.161 + 1.076 33
7. Кими Раиконен Ферари 1:49.244 + 1.159 30
8. Роман Грожан Хас 1:49.419 + 1.334 20
9. Џенсон Батон Мекларен 1:49.419 + 1.334 23
10. Естебан Гутиерез Хас 1:49.648 + 1.563 23
11. Паскал Верјалн Манор 1:49.716 + 1.631 31
12. Фернандо Алонсо Мекларен 1:49.772 + 1.687 30
13. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:49.782 + 1.697 33
14. Данил Квјат Торо Росо 1:49.916 + 1.831 25
15. Маркус Ериксон Заубер 1:50.083 + 1.998 27
16. Валтери Ботас Вилијамс 1:50.151 + 2.065 19
17. Фелипе Маса Вилијамс 1:50.157 + 2.072 29
18. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:50.194 + 2.109 25
19. Кевин Магнусен Рено 1:50.375 + 2.290 34
20. Џолион Палмер Рено 1:50.562 + 2.477 32
21. Естебан Окон Манор 1:50.659 + 2.574 25
22. Фелипе Наср Заубер 1:50.719 + 2.634 24
* 2014: Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:49.189
* 2015: Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:49.385