Пријатно изненадување на денот се Мекларен, кој со Фернандо Алонсо успеа да го забележи седмото најбрзо време, иако пропушти половина од сесијата поради технички проблеми на неговиот болид. Многу малку случувања на патеката, од аспект на гледач, додека тимовите имаа полни раце работа за да ги подесат болидите како што сакаат нивните возачи.
Технички проблеми и за Естебан Окон, кој мораше да го паркира својот Манор покрај патеката по само 13-сет комплетирани круга, и не беше во можност да ја продолжи својата тест програма. За споредба, Џолион Палмер беше најактивниот возач со 45 комплетирани круга.
На своето деби во Монца, тимот на Хас, имаше успешен ден. Опремени со најновата верзија на Ферари ПЕ, Роман Грожан и Естебан Гутиерез изгледаа компетитивни, влегувајќи во најбрзите десет со еден болид.
Но, едно е тренинг, додека друго е она вистинското нешто кога ќе започнат квалификаците и самата трка. Утре не очекува Саботниот тренинг во 11:00 МК и Квалификациите кои започнуваат во 14:00 часот.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:22.801 40
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:22.994 + 0.193 42
3. Себастијан Ветел Ферари 1:23.254 + 0.453 33
4. Кими Раиконен Ферари 1:23.427 + 0.626 28
5. Макс Ферстапен Ред Бул 1:23.732 + 0.931 25
6. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:24.003 + 1.202 33
7. Фернандо Алонсо Мекларен 1:24.259 + 1.458 24
8. Валтери Ботас Вилијамс 1:24.299 + 1.498 41
9. Роман Грожан Хас 1:24.516 + 1.715 35
10. Џенсон Батон Мекларен 1:24.549 + 1.748 28
11. Фелипе Маса Вилијамс 1:24.556 + 1.755 20
12. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:24.587 + 1.786 40
13. Серџо Перез Форс Индија 1:24.653 + 1.852 42
14. Естебан Гутиерез Хас 1:24.674 + 1.873 33
15. Маркус Ериксон Заубер 1:24.981 + 2.180 25
16. Паскал Верлајн Манор 1:25.083 + 2.282 38
17. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:25.240 + 2.439 31
18. Естебан Окон Манор 1:25.275 + 2.474 13
19. Кевин Магнусен Рено 1:25.555 + 2.754 39
20. Дањил Квјат Ред Бул 1:25.614 + 2.815 33
21. Фелипе Наср Заубер 1:25.643 + 2.842 31
22. Џолион Палмер Рено 1:25.833 + 3.032 45
* 2014: Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:26.225
* 2015: Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:24.279