Естебан Окон, кој дебитираше за Белгиското Гран При, беше првата жртва на Q1 сесијата. Французинот имаше технички проблем што го принуди да се повлече уште при првиот свиок од својот брз круг, останувајќи без поставено време. Напред Луис Хамилтон беше неприкосновен, додека назад во поредокот пласманот се менуваше со секоја измината минута помеѓу Фелипе Наср, Фернандо Алонсо, Џолион Палмер, Кевин Магнусен, Маркус Ериксон.
На крај, само Алонсо успеа да побегне од дното, со четири стотинки предност пред Данил Квјат со Торо Росо кој со тоа го имаше 17-тото најбрзо време. Зад него беа Наср, Ериксон, Палмер, Магнусен и Окон.
На почетокот од Q2 сесијата болидите на Мерцедес АМГ, Ферари и Ред Бул излегоа на меките гуми на Пирели. Луис Хамилтон, повторно беше најбрз, пред немоќниот Розберг. Следуваа болидите на Вилијамс и Форс Индија, т.е. сите болиди придвижувани од Мерцедес ПЕ.
Возачите на Ферари и Ред Бул мораа да се префрлат на супер-меките гуми за да го осигураат пласманот во Q3 сесијата, што и се оствари. Само сребрените стрели успеаа да постават време на подобрата и поиздржлива варијанта за старт на трката, меките гуми на Пирели.
Најголемото изненадување го приреди Естебан Гутиерез, кој со болидот на Хас, успеа да се пласира во Q3, успех на кој Мексиканецот се радуваше последен пат во далечната 2013 година за време на Големата награда на Кореја. Разочарување за Фелипе Маса, кој во последните мигови од сесијата остана надвор од пласманот во најбрзите десет, со 11-тата стартна позиција, пред Грожан, Алонсо, Верлајн, Батон и Карлос Саинц ЈР. Да напоменеме дека Французинот во тимот на Хас има казна од 5 стартни места поназад, поради промена на менувачот.
Во првите брзи кругови од Q3 сесијата, Нико Розберг беше првиот возач кој го комплетираше својот круг, но неговото време беше побавно од неговото Q2 време, па набрзо беше деградиран на втората позиција од Луис Хамилтон. Раиконен имаше трето најбрзо време, пред Ветел, Ботас, Рикиардо, Ферстапен, Хулкенберг, Перез и Гутиерез.
При второто излегување на патеката, истиот редослед на возачи, но од страна на Розберг немаше значително подобрување на неговото најдобро време. Луис Хамилтон од друга страна разликата што ја имаше, ја зголеми уште повеќе на неверојатна половина секунда за неговата седма Пол позиција во ова сезона и негова 56-та во кариерата.
Ферари ќе се започнат својата домашна трка од вториот стартен ред, но со Ветел на третата позиција, успевајќи да го победи својот тимски колега, Кими Раиконен, во вторите брзи кругови. Валтери Ботас ќе ја има петтата позиција, пред возачите на Ред Бул, Рикиардо и Ферстапен. Болидите на Форс Индија благодарејќи на Мерцедес ПЕ, повторно во топ 10 пласманот со Перез пред Хулкенберг. Естебан Гутиерез не можеше ништо повеќе од 10-то најбрзо време.
2016 ИТАЛИЈАНСКО ГРАН ПРИ - КВАЛИФИКАЦИИ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:21.135
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:21.615 + 0.478
3. Себастијан Ветел Ферари 1:21.972 + 0.837
4. Кими Раиконен Ферари 1:22.065 + 0.930
5. Валтери Ботас Вилијамс 1:22.388 + 1.253
6. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:22.389 + 1.254
7. Макс Ферстапен Ред Бул 1:22.411 + 1.276
8. Серџо Перез Форс Индија 1:22.814 + 1.679
9. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:22.836 + 1.701
10. Естебан Гутиерез Хас 1:23.184 + 2.049
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:21.498
11. Фелипе Маса Вилијамс 1:22.967 + 1.469
12. Роман Грожан Хас* 1:23.092 + 1.594
13. Фернандо Алонсо Мекларен 1:23.273 + 1.775
14. Паскал Верлајн Манор 1:23.315 + 1.817
15. Џенсон Батон Мекларен 1:23.399 + 1.901
16. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:23.496 + 1.998
* 5 стартни места поназад
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:21.854
17. Данил Квјат Торо Росо 1:23.825 + 1.971
18. Фелипе Наср Заубер 1:23.956 + 2.102
19. Маркус Ериксон Заубер 1:24.087 + 2.233
20. Џолион Палмер Рено 1:24.230 + 2.376
21. Кевин Магнусен Рено 1:24.436 + 2.582
22. Естебан Окон Манор без пост.време
107% време: 1:27.584
* 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:24.109
* 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:23.397