Лидерот во шампионатот, Нико Розберг, го имаше само седмото најбрзо време, исто така, користејќи ги медиум гумите, додека Макс Ферстапен беше само 14-ти, поради прегревање на неговите сопирачки, при враќање во боксот на половина од тренинг сесијата. Резултат на тоа се само 10-те комплетирани кругови. Имавме и краток период на црвено знаме, кога десниот крај на предното крило на Зауберот на Фелипе Наср "експлодираше", засипувајќи ја патеката со голем број карбонски парчиња.
Од првиот тренинг не можеме да "прочитаме" многу за формата на тимовите, како и по обичај за тоа повеќе ќе помогне вториот тренинг кој започнува во 21 часот по македонско време.
2016 МЕКСИКО ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:20.914 34
2. Себастијан Ветел Ферари 1:20.993 + 0.079 23
3. Кими Раиконен Ферари 1:21.072 + 0.158 19
4. Серџо Перез Форс Индија 1:21.200 + 0.286 23
5. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:21.409 + 0.495 23
6. Валтери Ботас Вилијамс 1:21.447 + 0.533 34
7. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:21.673 + 0.759 32
8. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:21.727 + 0.815 27
9. Фелипе Маса Вилијамс 1:21.836 + 0.922 31
10. Данил Квјат Торо Росо 1:22.215 + 1.301 29
11. Роман Грожан Хас 1:22.500 + 1.586 21
12. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:22.563 + 1.649 32
13. Маркус Ериксон Заубер 1:22.723 + 1.809 17
14. Макс Ферстапен Ред Бул 1:22.877 + 1.963 10
15. Естебан Гутиерез Хас 1:22.910 + 1.996 23
16. Фернандо Алонсо Мекларен 1:23.089 + 2.175 25
17. Фелипе Наср Заубер 1:23.089 + 2.175 12
18. Џенсон Батон Мекларен 1:23.342 + 2.428 24
19. Кевин Магнусен Рено 1:23.556 + 2.642 32
20. Естебан Окон Манор 1:24.083 + 3.169 30
21. Џолион Палмер Рено 1:24.097 + 3.183 35
22. Паскал Верлајн Манор 1:24.350 + 3.436 28
2015 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:25.990