Себастијан Ветел беше четврти најбрз со Ферари, со повеќе од половина секунда заостанување зад Хамилтон. Раиконен се жалеше на задниот крај од својот болид, и при својот брз круг излета надвор од патеката, но при вториот свој обид имаше незначително побрзо време отколку што го имаше поставено со меките гуми на Пирели на почетокот од тренингот.
Хас како по обичај со проблематични петочни сесии, кои продолжија и на нивната сомашна патека. Карактеристика беше што од нивните болиди испаѓаа делови од каросеријата, па во еден момент имаше кратко црвено знаме, за да можат маршалите да го расчистат асфалтот.
2016 САД ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:37.358 33
2. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:37.552 + 0.194 33
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:37.649 + 0.291 32
4. Себастијан Ветел Ферари 1:38.178 + 0.820 35
5. Макс Ферстапен Ред Бул 1:38.258 + 0.900 27
6. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:38.508 + 1.150 32
7. Серџо Перез Форс Индија 1:38.568 + 1.210 31
8. Џенсон Батон Мекларен 1:38.715 + 1.355 29
9. Фернандо Алонсо Мекларен 1:38.801 + 1.443 30
10. Кими Раиконен Ферари 1:38.865 + 1.507 31
11. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:38.971 + 1.615 31
12. Кевин Магнусен Рено 1:39.159 + 1.801 23
13. Фелипе Наср Заубер 1:39.189 + 1.831 28
14. Валтери Ботас Вилијамс 1:39.197 + 1.839 34
15. Данил Квјат Торо Росо 1:39.202 + 1.844 36
16. Фелипе Маса Вилијамс 1:39.281 + 1.923 30
17. Џолион Палмер Рено 1:39.455 + 2.097 34
18. Роман Грожан Хас 1:39.554 + 2.196 24
19. Естебан Окон Манор 1:40.907 + 2.728 27
20. Естебан Гутиерез Хас 1:40.907 + 2.756 26
21. Маркус Ериксон Заубер 1:40.907 + 2.861 28
22. Паскал Верлајн Манор 1:41.131 + 3.773 31
Излетување на Карлос Саинц ЈР....