Општата дефиницијата е следна Формула 1, скратено Ф1, е највисоката класа на авто-трки дефинирана од Интернационалната федерација за автомобилизам (ФИА). Името „формула“ доаѓа од низата спецификации и правила кои сите учесници и возила мора да ги задоволат за да учествуваат во натпреварувањето. Шампионатот на Ф1 се состои од низа трки познати како Голема Награда (Гран При) кои се одржуваат во текот на секоја година, обично од март до ноември, на наменски изградени патеки, а во неколку случаи и на градски улици. Резултатите од сите трки се комбинираат за да се добие вкупниот победник на шампионатот за возачи и за конструктори.
Вчерашниот ден по кој знае кој пат докажува дека Формула 1 е на стаклени нозе и дека во секој момент може да исчезне како мотоспорт или барем да го изгуби приматот на врв на авто-трките, ако веќе и го нема загубено ова второто. Се поголемиот број спортски и технички правила го прават овој спорт неразбирлив за просечните Ф1 Фанови, нити пак допринесува за привлекување на нова млада генерација на публика.
Од друга страна историски гледано, тоа беше опасен спорт во кој не секој имаше храброст да учествува. Но, тие времиња кои го донесоа огромниот публицитет се веќе минато. Во денешно време, Ф1 дефинитивно е за возачи плачковци, и тоа сите до еден. Тоа се потврди во текот на вчерашниот ден, кога младиот возач на Ред Бул се најде во непријатна позиција на состанокот на возачите во Остин. Најтрагичното е што и тој кога ќе се најде во небрано или нешто не му е по ќеиф, веднаш посегнува по радио копчето за да се пожали. Барем тоа го научил од своите постари колеги.
Геманскиот Ауто Мото и Спорт објави дека за време на состанокот на возачите неговиот стил на возење повторно бил тема на дискусија по барање на Роман Грожан, Луис Хамилтон, Себастијан Ветел, додека Кими Раиконен имал дури три минутна презентација на таа тема.
На крај е заклучено да се даде препорака кон Чарли Вајтинг да се казнува промената на правецот при кочење, а тоа да се докажува преку телеметријата на болидот.
Денешните трки не дозволуваат претекнување на два идентични по сила болиди, нити со помош на ДРС-системот, а не пак да се комплицираат и така до крај закомплицираните правила за однесување на возачите при влез во свиок, единствено место каде е возможно да се изведе маневар, некогаш и ризичен за да се излезе понапред.
Холанѓанецот ни за време на состанокот не покажувал почит кон постарите колеги, што можеби и дополнително ги разлутило. Тоа од негова страна не го оправдуваме, треба да се има почит кон поискусните свои колеги и кога мислиш дека си во право докажи го тоа со факти. Едноставно, кога нема такво правило, не е потребно да се филозофира, нити да се воведува.
Ф1 ДЕНЕС, ВРЕМЕ НА ПЛАЧКОВЦИ
10/22/2016 03:14:00 PM
0
Share to other apps