И покрај извештаите од почетокот на годината дека продолжувањето на договорот е завршена работа, Себастијан Ветел за СКАЈ Ф1 изјави дека во овој момент не размислува за нов договор со Ферари, додека тимот се подготвува за новите правила за 2017 година. Секакви разговори околу оваа тема се ставени во мирување. Германецот е решен да влезе во последната година од неговиот договор со Италијанците без да се разговара за продолжување на неговиот престој во Маранело.
"Сите ние сме прилично зафатени, се фокусираме на последните четири трки и особено на следната година. Јас мислам дека детали како продолжување на мојот договор не се важни во овој момент. Можеби, следната година. Многу работи се случуваат во нашата фабрика, знам дека сите се многу зафатени и сакам да се фокусираме на тоа."
Четирикратниот Шампион потпиша тригодишен договор кога тој се пресели од Ред Бул во Ферари во 2015 година, што значи дека неговиот актуелен договор истекува на крајот од следната сезона. Во време на оваа разочарувачка сезона за Ферари, тим кој е без победа во последните 12 месеци, иднина на Ветел беше ставена под значително сомневање по неочекуваните јавни критики од неговиот шеф, Маурицио Аривабене, за време на Јапонското Гран При.
ВЕТЕЛ НЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО ФЕРАРИ
10/20/2016 11:08:00 PM
0
Share to other apps