Формула 1 Шампионатот од овој викенд се сели на Американскиот континент, со почетна точка во Остин, Тексас, за 18-тата трка од 2016 календарот. Патеката на Америките(Circuit of the Americas-COTA) е првиот објект во САД наменски изграден за Формула 1 трки. Херман Тилке дизајнираше ултра-модерен комплекс кој ги има обележјата на Тексас, но и копии на најпознатите свиоци од останатите Ф1 патеки.
Потегот од третиот до деветиот свиок претставува низа од брзи свиоци кои потсетуваат на Maggots-Becketts-Chapel од Силверстоун или Esses во Сузука. Втората половина од техничкиот дел од кругот, кој завршува со низа на бавни свиоци кои потсетуваат на Хокенхајм.
Големата Награда на САД е еден од најпосетените настани во Ф1 календарот со над 235.000 гледачи секоја година и ја направи оваа патека Circuit of the Americas нов дом за Формула 1 трки во САД. Воедно, според бројките од минатата година тоа беше и најгледана со 96 милионската ТВ гледачи.
Главни нејзини карактеристики се природните промени во елевацијата, вклучувајќи ја 40 метарската нагорнина кон првиот свиок кој е главното обележје на "Патеката на Америките". Помеѓу 20-те свиоци инкорпорирани се најсаканите и најпредизвикувачките свиоци од останатите историски Формула 1 патеки од целиот свет. Главно обележје во комплексот на оваа патека е 25-катната Кула за набљудување.
По екстремните временски услови од минатата година, прогноза за овој викенд е задоволителна. Проблем за тимовите ќе биде што тие немаат многу податоци од 2015 година, со оглед на големите дождови од минатогодишниот тркачки викенд. Организаторите очекуваат подобрување на постигнатите времиња, особено поради фактот што Пирели за прв пат ги номинираше супер-меките гуми за оваа патека. На претходните четири трки се користеа само тврдите, медиум и меки гуми.
На трката во Јапонија Мерцедес АМГ и теоретски ја осигура Шампионската Титула во конструктори. Ред Бул ја зголеми својата предност за уште неколку поени во однос на Ферари во трката за второто место и сега таа изнесува 50 поени. Најблиската битка во конструкторите се води помеѓу Форс Индија и Вилијамс, каде прво споменатиот тим има предност од 10 поени.
Во Шампионатот на возачите, Нико Розберг ја зголеми својата предност на статистички значајни 33 поени. Со четири трки до крајот, Луис Хамилтон, неговиот тимски колега и ривал за Титулата, дури и со четири последователни победи, нема да може да дојде до истата. На Розберг, му се потребни три втори места и едно трето за да биде Шампион.
ВО ПРЕСРЕТ НА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА САД
10/19/2016 09:49:00 PM
0
Share to other apps