Најбрз круг - Хуан Пабло Монтоја
Голема Награда на Италија, 2004 година.
Рекорд: 262.242 км/ч.
Во 2004 година болидите на Формула 1 го достигнаа својот врв на ефикасноста, забележувајќи рекорд по рекорд во текот на сезоната. За време на квалификациите за Големата награда на Италија, Хуан-Пабло Монтоја го забележа најбрзиот круг во историјата на Формула 1.
Колумбиецот со болидот на Вилијамс FW36 на патеката Монца забележа неверојатна просечна брзина од 262.242 км/ч во текот на првиот дел од квалификациите. Во понатамошниот тек на сесијата не успеа да го повтори или подобри тоа постигнување и на крајот беше втор зад Рубенс Баричело.
Најбрза казна во Ф1 кариера - Себастијан Ветел
Голема Награда на Турција, 2006 година.
Рекорд: 6 секунди.
Себастијан Ветел држи многу рекорди, но со овој не сака да се фали. За време на неговото прво појавување во Формула 1 Шампионатот на трката во Турција, Ветел по само шест секунди од излегувањето од својата гаража беше казнет поради брзо возење.
Најмлад Победник - Макс Ферстапен
Голема Награда на Шпанија, 2016 година.
Рекорд: 18 години и 227 дена.
Макс Ферстапен започна со уривање на рекордите во момент кога дебитираше за тимот на Торо Росо. Со 17 години и 166 дена, Холанѓанецот стана најмладиот возач во Формула 1 на трката во Австралија, а веќе на следната трка во Малезија, стана и најмладиот освојувач на поени. Во своето деби за Ред Бул во Шпанија, Ферстапен стана првиот Ф1 победник од Холандија, Најмладиот возач кој водел трка, Најмладиот возач со Пласман на подиумот и, се разбира, Најмладиот возач што Победил на Ф1 трка, земајќи му го рекордот на Себастијан Ветел кој, исто така, беше на подиумот тој ден.
Најмала разлика во квалификациите,
Голема Награда на Шпанија, 1997 година.
Рекорд: 0.000 секунди помеѓу првиот и третиот.
Ф1 Сезоната во 1997 година беше извонредно привлечна поради борбата меѓу Михаел Шумахер и Жак Вилнев за шампионската титула. Квалификациската сесија за трката во Шпанија беше уште повозбудлива.
Прв беше Вилнев кој забележа време од 1:21.072 секунди за пласман на пол позиција, а потоа, неколку минути подоцна, Шумахер постави идентично време. За да биде сесијата уште поневеројатна се погрижи тимскиот колега на Вилнев, Хајнц-Харалд Френцен кој исто така постави идентично време. Три болиди, три идентични времиња мерени до илјадитиот дел од секундата.
Најбрза Трка,
Голема Награда на Италија, 2003 година.
Рекорд: Просечна брзина 247.585км/ч.
Сигурно нема да ве изненади, дека најбрзата Формула 1 трка се одржа во Монца. На Големата Награда на Италија во 2003 година победник беше Михаел Шумахер, со просечна брзина од 247.585км/ч. за само 1 час, 14 минути и 19.838 секунди.
Најголема Максимална Брзина - Хуан-Пабло Монтоја,
Голема награда на Италија, 2005 година.
Рекорд: 372.6 км/ч.
Една година по поставувањето на најбрзиот круг во Формула 1, Хуан-Пабло Монтоја се врати во Монца да постави уште еден рекорд на сите времиња на Италијанското Гран При, возејќи со максимална брзина од 372.6км/ч.
Најмала разлика во трка
Голема Награда на Италија, 1971 година.
Рекорд: Првите три одделени со 0.09 секунди.
Во историјата на Формула 1 имало многу возбудливи трки, но никоја не може да се спореди со трката за Големата Награда на Италија од 1971 година, кога целната линија ја поминаа пет болиди во една иста секунда.
Петар Гетин беше Победник пред Рони Петерсон со предност од само 0.010 секунди, додека Франсоа Север беше трет со заостанување од 0.090 секунди зад Победникот. Мајк Хејлвуд беше четврти со 0.180 секунди заостанување, додека Хауден Ганли беше петти со 0.610 секунди дефицит. Тоа беше и трка со најмала разлика помеѓу првите пет болиди во историјата на спортот.
Најкратка Ф1 кариера - Марко Апичела
Голема Награда на Италија, 1993 година.
Рекорд: 800 метри.
Многу Формула 1 возачи во минатото се натпреварувале на само една Гран При трка, но ниту една Ф1 кариера не била пократка од таа на Марко Апичела на Големата Награда на Италија во 1993 година.
Италијанскиот возач го импресионирал Еди Џордан, кој му даде еднократна шанса да вози за неговиот тим пред домашната публика. Трка за него беше завршена по само 800 метри по судирот во првиот свиок. Неговата кариера траеше само неколку секунди.
Ф1 РЕКОРДИ: ТРЕПНЕТЕ И ЌЕ ГИ ПРОПУШТИТЕ
11/04/2016 05:16:00 PM
0
Share to other apps

