На 8 мај 1977 година, на патеката Харама во Шпанија, Патрик Неве заврши 12-ти со March 761 со што се одбележи почетокот на нов Ф1 тим кој ќе завземе посебно место во историјата на Формула 1. Овој датум се зема како роденден на еден од најславните Ф1 тимови на сите времиња - Вилијамс. Во тоа време никој не се надеваше дека Френк Вилијамс, човек со потекло од малото гратче Џероу(Jarrow), Англија и автомобилскиот инженер со името Патрик Хед, ќе создадат тим кој денес може да се пофали со 114 Победи, 128 Пол-позиции и 133 Најбрзи кругови, при тоа освојувајќи девет конструкторски и седум титули во генералниот пласман на возачи.
Во 2017 година тимот ќе одбележува 40 години од своето постоење со многу-бројни настани за своите партери, фанови, медиуми. Покрај тоа, по тој повод следната ознака нивниот болид, наместо FW39 ќе биде именувам како FW40. Новиот болид ќе биде возен од страна на Валтери Ботас, кој со тимот ќе ја помине петтата последователна сезона, а како тимски партнер ќе го има дебитантот во Формула 1 - Ленс Строл. Искуството на Финецот ќе помогне за што подобро адаптирање кон новите промени на прописите кои ќе стапат на сила следната 2017 сезона.
Младоста и желбата за докажување ќе биде адут на Ленс Строл, кој во Ф1 Шампионатот доаѓа како Шампион во Италијанската Формула 4 во 2014 година, освојувач на Тојота Рејсинг Серија во Нов Зеланд, 2015 година. Оваа сезона се натпреваруваше во Европската Формула 3 каде исто така во доминантен стил ја освои Шампионската титула со 14 Победи и 17 старта од првиот ред, од кои 14 од Пол позицијата. Препознавајќи го неговиот талент тимот на Вилијамс, реши да му укаже прилика да се претстави и во врвната категорија на мотоспортот.
ОФИЦИЈАЛНО: ТИМОТ НА ВИЛИЈАМС ЈА ПРЕТСТАВИ СВОЈАТА ИДНИНА
11/03/2016 09:31:00 PM
0
Share to other apps



