Во календарот на Формула 1 од 2018 сезоната се враќа Големата Награда на Франција, на патеката Пол Рикард, која се наоѓа во јужниот дел на Франција, во близина на Марсеј. Последен пат оваа патека беше домаќин на Ф1 трка во 1990 година, за потоа Француското ГП да се пресели на патеката Magny-Cours, пред конечно да биде исфрлена од календарот пред осум години.
Пол Рикард беше место каде оваа година се одржа тест сесија организирана од Пирели, официјалниот снабдувач на Ф1 со пневматици, како дел од развојната програма за 2017 гумите. Патеката се смета дека е една од најмодерните во светот на мотоспортот. Франција е земја која има историја на Формула 1 и беше потпора уште од нејзините почетоци во 50-тите години, т.е. беше присутна од првата сезона на модерната ера во 1950 година, заедно со Велика Британија, Монако, Италија и Белгија.
Веста за нејзиното враќање по долго отсуство претставува поттик за традиционалните Европски трки, во моменти кога долгорочната иднина на Германското ГП останува неизвесна по новото отфрлување од календарот за 2017 година, втор пат во три години, додека Монца помина низ долготраен процес на преговори за да го обезбеди одржувањето на Италијанското ГП.
ОФИЦИЈАЛНО: ФРАНЦУСКОТО ГП СЕ ВРАЌА ВО Ф1 КАЛЕНДАРОТ
12/05/2016 03:40:00 PM
0
Share to other apps

