Тимот на Вилијамс Мартини денеска и официјално објави дека Пат Сајмондс се повлекува од улогата на главен технички директор на тимот на крајот на 2016 година.
Сајмондс се приклучи на Вилијамс кон крајот на 2013 сезоната и потпишал договор на три години, време во кое тој помогна тимот да направи голема пресвртница во перформансите на болидите, со 14 пласмани на подиумот обезбедени во текот на изминатите три сезони. Пат заминува од своето работно место на 31 Декември 2016 година.
Клер Вилијамс, заменик шеф на тимот, рече; "Пат беше огромна предност за овој тим во текот на изминатите три години. На почетокот, именувањето на Пат беше старт на една голема вежба за реструктуирање, и тој беше клучниот играч во преобликувањето на Вилијамс во она што е денес, многу посилен тркачки тим. Јас би сакала да му се заблагодарам за неговата напорна работа и посветеност во тоа време. Сега можеме да гледаме кон иднината и ќе објавиме нови детали во врска со техничкиот оддел на тимот во догледно време."
ОФИЦИЈАЛНО: САЈМОНДС ГО НАПУШТА ТИМОТ НА ВИЛИЈАМС
12/20/2016 07:49:00 PM
0
Share to other apps

