На вонредната средба во Женева, Светскиот совет за моторспорт на ФИА едногласно ја одобри промената на сопственоста на контролниот пакет акции на Delta Topco Limited (холдинг-компанија на групацијата за Формула 1, која ги има комерцијални права за Формула 1 Шампионатот) од CVC Capital Partners во корист на корпорацијата Liberty Media.
За време на средбата, претставниците на потенцијалниот сопственик имаa детално излагање на нивната стратегија за развој на Формула 1 мотоспортот. Потоа, членовите на советот за мотоспорт на ФИА, имаа можност да поставуваат прашања во врска со деталите од договорот, тековниот работен однос со ФИА и идните планови на Liberty Media за овој спорт.
Liberty Media, групацијата за Формула 1 и ФИА имаат намера да соработуваат за да се создаде конструктивен однос, кој ќе се обезбеди континуиран успех и развој на Формула Еден Шампионатот на долг рок.
Одлуката на Светскиот совет за мотоспорт ја потврдува вербата на ФИА дека Liberty Media, како позната медиумска организација со експертиза во спортот и забавата, е способна да обезбеди континуиран развој на нивниот врвен шампионат.
ФИА со нетрпение очекува да соработува со новите сопственици на Формула 1 групацијата и сите останати акционери за понатамошен развој на незаменливиот глобален спектакл - Формула Еден шампионатот.
ФИА ОФИЦИЈАЛНО ЈА ОДОБРИ ПРОДАЖБАТА НА ФОРМУЛА 1
1/18/2017 09:10:00 PM
0
Share to other apps

