Тимот на Вилијамс, паралелно со официјализирањето на договорот на Валтери Ботас со Мерцедес АМГ, потврди дека Фелипе Маса се согласил да го одложи своето пензионирање и ќе продолжи да вози за нив во оваа 2017 сезона. За Бразилецот ова ќе биде четврта последователна сезона со Вилијамс, и оваа година ќе вози заедно со Ленс Строл, кој ќе ја има својата деби сезона во Формула 1 шампионатот.
Фелипе Маса, изјави: "Прво, јас сум многу среќен на добиената можност да се вратам во Вилијамс. Јас секогаш имав намера да се тркам некаде во 2017 година, но Вилијамс е тим блиску до моето срце и јас имам почит за се она што се обидуваат да го постигнат. Валтери доби одлична можност, со оглед на развојот на настаните во текот на зимата, и му посакувам се најдобро во Мерцедес."
"Kога ми беше понудена можноста да помогнам на Вилијамс во нивната 2017 кампања, враќањето го почувствував како вистинското нешто што треба да го направам. Јас секако не го имам изгубено мојот ентузијазам кон трките и сум многу мотивирани што ќе го возам новиот 2017 болид - FW40. Исто така, поддршката од моите фанови во текот на последните неколку недели беше голем поттик и јас сум благодарен за тоа. Јас со нетрпение очекувам да работиме со Ленс, кој го познавам многу години и го следев неговиот развој во тој период, па јас со нетрпение очекувам да видиме што можеме да постигнеме заедно."
Клер Вилијамс, заменик шеф на тимот, рече: "Јас сум воодушевена што Фелипе се согласи да го одложи неговото пензионирање за да биде дел од нашиот тим во 2017 сезоната. Кога на Валтери му беше понудена можноста да се приклучи на Шампионскиот тим во конструктори, ние работевме напорно за да го овозможиме неговиот договор со Мерцедес. Валтери е дел од семејството Вилијамс од 2010 година и во тоа време се покажа како огромен талент, забележувајќи девет пласмани на подиумот. Јас би сакала да ја искористам оваа можност и да му се заблагодарам во името на целиот тим, и му посакувам успешна сезона во Мерцедес."
"Фелипе отсекогаш бил омилен член на семејството Вилијамс, и можноста повторно да се работи со него е нешто што сите ние со нетрпение го очекуваме. Фелипе се приклучува да ни обезбеди стабилност, искуство и талент што ќе ни помогне да се развиваме во вистинската насока. Тој е од голема вреднст за нас."
ОФИЦИЈАЛНО: ФЕЛИПЕ МАСА ПРОДОЛЖУВА КАКО ВОЗАЧ НА ВИЛИЈАМС
1/16/2017 07:07:00 PM
0
Share to other apps

