Чејс Кери, новиот претседател и извршен директор на Формула 1, и официјално го објави назначувањето на Рос Браун и Шон Брачес на новосоздадените позиции, спортски раководител и комерцијален директор. Овие назначувања веднаш стапуваат во сила и се во согласност со комплетирањето на сопственоста врз Ф1 од страна на Liberty media. Новите сопственици засега кон Ф1 пристапуваат со огромен ентузијазам и желба за успех, одделувајќи го спортскиот од финансискиот дел на спортот, давајќи ги раководните позиции на луѓе кои имаат потврдени успеси во својата област на делување.
Рос Браун е еден од најуспешните и иновативни технички директори во историјата на овој спорт, легенда со 40 годишно искуство во мото трките. Неговото CV вклучува 11 Ф1 Титули со Ферари и седум како дел од Вилијамс и Бенетон.
Во 2009 година го спасува тимот на Хонда, го преименува во Браун ГП и ги освојува шампионските титулите во генералниот пласман на возачи и конструктори.
Следната 2010 година тој го продава својот тим на Мерцедес-Бенц, каде во текот на следните три години ги изгради темелите, кои му овозможија на овој тим да ги освои шампионските титули во 2014, 2015 и 2016 година.
Шон Брачес се смета за една од највлијателните лидери на ESPN, со над 27 години искуство. Неговата кариера е дефинирана од страна на иновации и визија, кои го поттикнаа огромниот раст на ESPN брендот и нивните финансиски приходи.
Чејс Кери, претседател и извршен директор, изјави: "Мило ми е што можам да му посакам добредојде назад во Формула 1 на Рос Браун. Во неговите 40 години поминати во мотоспортот, тој го донесе неговиот магичен допир во секој тим со кој има работено, има големо техничко познавање, искуство и врски, a јас веќе имам голема корист од неговите совети и експертиза."
"Јас сум воодушевен што Шон се приклучи на Формула 1. Тој беше движечката сила во градењето на ESPN како една од водечките светски спортски франшизи. Неговата експертиза и искуство во продажба, маркетинг, дигитални медиуми и дистрибуција ќе бидат непроценливи за развојот на Формула 1."
"Со нетрпение очекувам да соработуваме со Рос и Шон, како и нашите водечки луѓе, Данкан Лоуарч, финансиски директор, Саша Вудворд Хил, главниот правник, ФИА, Берни и Liberty media, да работиме заедно за да ја направиме Формула 1 најдобра што може да биде за тимовите, промотерите и секако фановите во годините што доаѓаат."
Рос Браун изјави: "Фантастично е што се враќам во светот на Формула 1. Уживав во консултациите со Liberty media во последниве неколку месеци и јас со нетрпение очекувам да работaм со Чејс, Шон и остатокот од Формула 1 тимот за да помогнеме во развојот на спортот. Имаме единствена можност да работиме заедно со тимовите и промотерите за што подобра Ф1 за нив и што е најважно, за фановите."
Шон Брачес додаде: "Јас сум многу радосен што се приклучувам кон Формула 1 и можноста да придонесам за континуираниот раст на овој извонреден глобален бренд и спорт. Формула 1 е еден од ретките вистински глобални спортови, и јас сум охрабрен од многубројните можности за финансиски раст на бизнисот, соработката со сегашните и идните спонзори, патеките, ТВ куќите носители на правата за преноси, како и создавање на нова генерација на дигитални и искуства во живо за сите Формула 1 фанови."
Берни Еклстоун во интервју за Германскиот АМС потврди дека бил принуден да ја напушти својата позицијата како извршен директор на Формула 1: "Чејс ја презеде мојата позиција, а јас сега сум нешто како почесен претседател, иако незнам што тоа значи. Можеби ќе посетам по некоја трка од време на време, имам уште многу добри пријатели и доволно пари за да си го дозволам тоа."
БЕРНИ ОТПУШТЕН, РОС БРАУН НОВ СПОРТСКИ РАКОВОДИТЕЛ НА ФОРМУЛА 1
1/24/2017 12:15:00 AM
0
Share to other apps

