Управното тело на ФИА за Формула 1, ги модификуваше дисциплинските прописи во пресрет на 2017 сезоната. Промената значи дека возачите одсега ќе се казнуваат само кога е апсолутно јасно дека тие направиле грешка. Според новите процедури, тркачкиот директор Чарли Вајтинг ќе ги известува стјуардите за настанатите инциденти како и досега, но изборот за тоа дали треба да се започне истрага или не ќе зависи само од мислењето на стјуардите.
"Тоа треба да биде одлука на стјуардите, дали одреден возач/и вклучен во инцидент треба да биде казнет.''
'Нема да биде изречена казна доколку стјуардите не се целосно или претежно убедени дека тој/тие е/се виновeн/и за инцидентот."
Од ФИА се надеваат дека со ова возачите ќе се поттикнат на поризични маневри за претекнување, без страв дека ќе бидат казнети за помали контакти.
Друга промена во дисциплинските прописи е што сега возачи кои ќе добијат казни, возење низ пит-линијата(drive-through) или возење низ боксевите со дополнително застанување во боксот(stop-and-go), но нема да можат да ги испочитуваат поради откажување од трката, тие ќе може да се префрлат за следниот тркачки викенд во форма на грид казна т.е. поместување на стартната позиција поназад.
ФИА СО МЕРКИ ЗА ПОАТРАКТИВНИ МАНЕВРИ ЗА ПРЕТЕКНУВАЊЕ
1/25/2017 02:42:00 PM
0
Share to other apps

