Мерцедес АМГ е вториот Ф1 тим кој го објави датумот за презентација на својот 2017 болид, која ќе се одвива на патеката Силверстоун на 23 Февруари. Актуелниот Шампионски тим ќе го открие својот болид, W08, еден ден пред своите ривали од Италија, кои презентацијата на својот болид ја закажаа на 24 Февруари, на патеката Фиорано.
Со сите нови прописи кои доаѓаат за 2017 година, тимовите се желни да извршат пробни возења на своите болиди под закрила на дозволените филмски денови за медиумска промоција, за да ги испеглаат сите проблеми кои би се јавиле пред почетокот на официјалните пред-сезонски тест сесии во Барселона, Шпанија.
Мерцедес исто така, на својот официјален веб сајт, објави нова наградна игра за своите фанови, а се што треба да направите е да се регистрирате со својот ФБ профил и да очекувате да бидете извлечени за да присуствувате на презентацијата на нивниот 2017 болид.
Иако од Мерцедес АМГ ги финализираа плановите за презентација на 2017 болидот, возачката постава допрва треба да биде официјализирана.
Сите шпекулации одат во насока дека Валтери Ботас ќе биде замената за Нико Розберг, кој неочекувано се повлече од Фпрмула 1 Шампионатот по освојувањето на Шампионската Титула за 2016 година.
ОФИЦИЈАЛНО: 2017 БОЛИДОТ НА МЕРЦЕДЕС АМГ ЌЕ БИДЕ ПРЕЗЕНТИРАН НА 23 ФЕВРУАРИ
1/05/2017 12:33:00 AM
0
Share to other apps

