Тим Гос, техничкиот директор на Мекларен, вели дека одредени свиоци веќе нема да се сметаат како такви од страна на инженерите, бидејќи во 2017 болидите возачите не ќе треба да ја испуштат педалата за гас, како што тоа би го направиле во претходните сезони. Новите болиди ќе имаат поголем механички грип од пошироките гуми на Пирели, додека поголемиот дифузер и поголемите крила ќе ја зголемат потисната сила до тој степен што возачите ќе бидат во можност да поминуваат низ одредени свиоци исто како низ правците.
"Еден од придружните ефекти на новите правилa е тоа што одредени свиоци ние веќе нема да ги класифицираме како такви. Од аспект на инженерите како свиок се дефинира точка на патеката каде што возачот треба да ја испушти педалата за гас и да се справи со болидот низ него, ако тој ја има притиснато педалата за гас "до крај", ние тоа го класифицираме како правец. Но, бидејќи болидите ќе поминуваат низ нив побрзо, возачите ќе бидат подложени на поголеми Г-сили, па обемот на работа на нивните мускули ќе се зголеми. Возачите за оваа 2017 сезона, ќе треба да бидат максимално подготвени."
"Новите болиди дефинитивно ќе изгледаат поинаку, што и беше целта. Требаше да се направи тие да изгледаат поагресивни и побрзи. Ф1 болидите треба да се најбрзите автомобили во мотоспортот и најтешки за возење. Под тоа подразбирам дека возачите ќе треба да вложат поголем физички напор и кога ќе излезат од нив да кажат дека морале да работат напорно, како што тоа го правеле нивните колеги во некои изминати години."
НОВИТЕ 2017 БОЛИДИ - АГРЕСИВНИ И БРЗИ
1/08/2017 01:47:00 PM
0
Share to other apps






