По три и пол многу успешни години, Педи Лоу, техничкиот директор на Мерцедес АМГ, заминува од Шампионскиот тим. За него следува период во кој нема да може да работи во Формула 1 Шампионатот, во зависност од договорените услови со својот работодавач. На краток рок, техничката организација на Мерцедес АМГ ќе продолжи да работи под раководство на останатите директори, Алдо Коста (Инженеринг), Марк Елис (Перформанси), Роб Томас (Главен оперативен директор) и Џеф Вилис (Технологија).
Тото Волф, шефот на Мерцедес АМГ, искоментира: "Педи одигра важна улога во нашиот успех во текот на изминатите три и пол години, и ние се заблагодаруваме за неговиот придонес во ова значајно поглавје во историјата на Мерцедес."
Педи Лоу изјави: "Имав фантастично успешни и пријатни три и пол години во Мерцедес, каде работев со неверојатен тим од луѓе. Јас сега гледам напред кон нов предизвик и им посакувам се најдобро на сите во тимот."
ОФИЦИЈАЛНО: ПЕДИ ЛОУ ЗАМИНУВА ОД МЕРЦЕДЕС АМГ
1/10/2017 07:37:00 PM
0
Share to other apps

