Фредерик Васур, тимскиот шеф на Рено поднесе оставка од својата позиција во пресрет на 2017 Формула 1 сезоната. Французинот се приклучи на Рено на почетокот од минатата сезона, кога започна реструктуирањето на тимот и негово враќање во Ф1 шампионатот како фабрички тим. Во текот на минатата тешка сезона на адаптација, Васер работеше како тимски шеф, додека Абитебул, вториот клучен човек при оваа промена, ја превзеде водечка улога во нивната база во Енстоун.
Но, како што одминувала 2016 сезоната, помеѓу Васур и останатите членови на менаџментот, настанала голема разлика во сфаќањата за тоа по која насоката треба да се развива иднината на овој тим, па тој почувствувал дека е време да го напушти своето раководно место.
"По прва сезона мината во повторно создавање на Ф1 тимот, Рено и Фредерик Васур, взаемно се договорија да ја прекинат нивната соработка. Двете страни остануваат посветени на негување на добрите бизнис релации и не се исклучува нова форма на соработка во иднина", се вели во краткото соопштение на овој производител.
ОФИЦИЈАЛНО: ФРЕДЕРИК ВАСУР ПОВЕЌЕ НЕ Е ТИМСКИ ШЕФ НА РЕНО
1/11/2017 05:12:00 PM
0
Share to other apps

