Од Пирели денес ги објавија номинациите за Бахреин и Русија, каде ќе се возат третата и четвртата трка од сезоната. Како што веќе е познато 2017 гумите се со нови димензии, 305/670-13 напред и 405/670-13 назад, како и нови профили, конструкции и смеши. За секоја смеша се користени целосно нови материјали и сосема нов дизајн. Она што е новост при воведувањето на нови компоненти од страна на Пирели е што Италијанскиот производител реши да хомологира и резервни компоненти, паралелно на секоја од петте нови смеши. Овие резервни компоненти може да се воведат подоцна во текот на следната сезона доколку новите смеши се покажат како проблематични поради зголемените перформанси на 2017 болидите.
Во Бахреин, за трката која ќе се одржи на 16 Април на патеката Сахир, ќе бидат користени следните три смеши: Белата Медиум, Жолтата Мека и Црвената Супер-мека. Во неделата задолжително мора да се искористи еден сет од медиум или меките гуми, додека во Q3 сесијата од квалификациите задолжително е користење на еден сет од супер-меките гуми. На најбрзите 10 возачи тој сет им се одзема веднаш по завршетокот на сесијата, но останатите возачи ќе го задржат за трката.
Во Русија, за трката која ќе се одржи на 30 Април на патеката во Сочи, ќе бидат користени следните три смеши: Жолтата Мека, Црвената Супер-мека и Виолетовата Ултра-мека. Во неделата задолжително мора да се искористи еден сет од меките или супер-меките гуми, додека во Q3 сесијата од квалификациите задолжително е користење на еден сет од ултра-меките гуми. На најбрзите 10 возачи тој сет им се одзема веднаш по завршетокот на сесијата, но останатите возачи ќе го задржат за трката.
ПИРЕЛИ ГИ НОМИНИРАШЕ СМЕШИТЕ ЗА БАХРЕИН И РУСИЈА
1/11/2017 05:32:00 PM
0
Share to other apps

