Луис Хамилтон за новата 2017 сезона планира да носи кацига со комплетно нов дизајн, кој ќе се избере по пат на конкурс што започна денес и ќе трае во 6 Февруари. На конкурсот може да учествуваа сите негови фанови, кои може да ги симнат шаблоните со клик на следниот ЛИНК, т.е. официјалната страна на Мерцедес АМГ.
Потоа вашите предлог дизајни постирајте ги на Инстаграм, со хаштаг #LH44Design или означете со @LewisHamilton. За победникот, освен честа што неговиот миленик ќе го носи неговиот дизајн во текот на следната сезона во Формула 1, следува и реплика од неговата кацига во целосна големина, потпишана од страна на Британецот.
Возачите, според новите прописи во Формула 1, дизајнот на кацигата може да го менуваат само на една трка по нивни избор. Досега, некои од нив на таа трка носеа кациги дизајнирани од нивните фанови, додека Луис ќе биде првиот Ф1 возач кој ќе носи ваква кацига низ целата сезона.
КОНКУРС: ДИЗАЈНИРАЈТЕ ЈА КАЦИГАТА НА ЛУИС ХАМИЛТОН
1/26/2017 09:02:00 PM
0
Share to other apps

