За ова сезона сите најавуваат побрзи и поагресивни болиди, со пошироки предни и задни крила, со поголеми и пошироки гуми. Повеќето возачи сметаат дека поредокот нема да се промени, т.е. дека Мерцедес АМГ повторно ќе го има болидот кој ќе треба да се победи за да се биде на врвот. По подолго време имаме изјава за јавноста од тимот на Ферари, каде оваа година има забрана за коментирање на очекувањата од новиот болид. Кими Раиконен верува дека сите шпекулаци поврзани со можниот поредок во услови на промени на техничките прописи се "бесмислени".
"Ние ќе знаеме за тоа откако ќе ги добиеме новите болиди и ќе излеземе на асфалтот, ќе треба да почекаме и да видиме. Бесмислено е да се шпекулира при толку големи промени, па се надевам дека ние ќе сме таму каде што сакаме да бидеме и заслужуваме да бидеме. Минатата сезона, беше далеку од идеална година за сите нас, но некогаш тркањето оди и во таа насока. Крајниот резултат, очигледно, беше далеку од она што ние како Ферари, како тим, го посакувавме."
"Во последно време се случуваат позитивни работи во функционирањето на тимот. Ние сите работиме како една целина, дури и кога резултатите не се онакви како што посакуваме. Но, во тимот гледам многу добри работи и во сезоната 2017 се надевам дека ние ќе сме таму каде што сакаме да бидеме. Очигледно, тоа ќе донесе и многу повеќе забава за сите нас."
РАИКОНЕН: ШПЕКУЛИРАЊЕТО Е БЕСМИСЛЕНО
2/02/2017 03:14:00 PM
0
Share to other apps

