Кими Раиконен го имаше најбрзото време на вториот тест ден во Барселона, со само 0.023 секунди предност во однос на Британецот во болидот на Мерцедес АМГ. Сепак времето на Финецот беше забележано на меките гуми на Пирели, за разлика од Луис Хамилтон, кој неговото време го забележа со супер-меките гуми. Ферари продолжува со поставување на добри времиња во однос на Мерцедес АМГ, но да се потсетиме, така беше и на минатогодишната тест сесија, па потоа наместо да напредуваат, само тонеа надолу во поредокот. Да се надеваме оваа сезона тоа ќе се промени.
За разлика од својот тимски колега, Валтери Ботас, кој денес возеше во попладневниот дел од сесијата, не беше во потрага за брзи времиња, туку имаше симулација на цела трка. Мерцедес АМГ, Ферари, Хас лесно стигнаа и ја поминаа границата од 100 круга, без некои поголеми проблеми со изджливоста на нивните болиди. Макс Ферстапен им даде крила и потстрек на Ред Бул со третото најдобро време на денот, на меките гуми, четири илјадити делови пред Кевин Магнусен со Хас, кој беше на супер-меки.
Повеќето тимови завршија пристојна работа денес, но постојат тимови кои се во неволја. Мекларен веќе втор ден се решија за промена на Хонда ПЕ, само по 29 круга на патеката, што никако не е добра ситуација за тим кој треба да атакува на врвот. Нивната тест програма веќе наголемо доцни, уште од самиот почеток на тестирањето. Тимот може да си дозволи да имаат дефицит во однос на перформансите или управливоста, но издржливста требаше да биде решена и пред да се дојде на патеката. По промената на ПЕ комплетираа уште само 11 круга. Белгијанецот, Штофел Вандорн не се изнавозе баш многу со новиот болид.
Покрај нив, малку комплетирани кругови и за Рено, откако одредени делови им пристигнале во текот на ноќта. Дали тоа се делови за перформанси или пак поврзани со издржливоста на нивната ПЕ, не е познато. Заубер, исто така, имаат проблеми со 2016 Ферари ПЕ. Намерно нагласивме 2016 ПЕ, испробана во текот на целата мината сезона, но сепак со одредени проблеми. Двата тима во попладневниот дел од сесијата стигнаа над 50-тина комплетирани кругови.
Вилијамс имаше право кога сакаа да имаат искусен возач во својот тим, а не двајца дебитанти. Тоа се потврди денес по инцидентот на Ленс Строл, кој имаше излетување во брзиот сектор од патеката, па и покрај тоа што поминувањето низ чакалот/тревата изгледаше сосема безопасно, болидот на Вилијамс, FW40, претрпел поголема штета, која го заврши нивниот ден уште во предпладневните часови од тест сесијата. Одредени делови морало да се пратат на поправка назад до фабриката, а тестирањето за нив ќе продолжи во моментот кога ќе ги добијат назад во текот на утрешниот ден.
РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРИОТ ТЕСТ ДЕН
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1 | Кими Раиконен | Ферари | 1:20.960 | / (М, 108) |
2 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:20.983 | + 0.023 (СМ,66) |
3 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:22.200 | + 1.240 (М,89) |
4 | Кевин Магнусен | Хас | 1:22.204 | + 1.244 (СМ,118) |
5 | Естебан Окон | Форс Индија | 1:22.509 | + 1.549 (СМ,86) |
6 | Данил Квјат | Торо Росо | 1:22.956 | + 1.996 (М,68) |
7 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:22.986 | + 2.026 (М,100) |
8 | Џолион Палмер | Рено | 1:24.139 | + 3.179 (М,53) |
9 | Антонио Џовинаци | Заубер | 1:24.617 | + 3.657 (М,65) |
10 | Штофел Вандорн | Мекларен | 1:25.600 | + 4.640 (М,40) |
11 | Ленс Строл | Вилијамс | 1:26.040 | + 5.080 (Ме,12) |
УМ - Ултрамеки
СМ - Супермеки
М - Меки
Ме - Медиум
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВИОТ ТЕСТ ДЕН
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:21.765 | / (М, 73) |
2 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:21.878 | + 0.115 (Ме,128) |
3 | Фелипе Маса | Вилијамс | 1:22.076 | + 0.311 (Ме,103) |
4 | Кевин Магнусен | Хас | 1:22.894 | + 1.129 (М,51) |
5 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:22.926 | + 1.161 (М,50) |
6 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:23.169 | + 1.404 (М,79) |
7 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:23.709 | + 1.944 (М,39) |
8 | Карлос Саинц ЈР. | Торо Росо | 1:24.494 | + 2.729 (Ме,51) |
9 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:24.784 | + 3.019 (Мe,57) |
10 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:24.852 | + 3.087 (М,29) |
11 | Маркус Ериксон | Заубер | 1:26.841 | + 5.076 (Ме,72) |
УМ - Ултрамеки
СМ - Супермеки
М - Меки
Ме - Медиум
КАКО РЕФЕРЕНЦА, ЗБИРНИ РЕЗУЛТАТИ ОД МИНАТОГОДИШНАТА ПРВА ТЕСТ СЕСИЈА
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:22.810 | / (195) УМ |
2 | Нико Хулкенберг | Форс Индија | 1:23.110 | + 0.300 (99) СМ |
3 | Кими Раиконен | Ферари | 1:23.447 | + 0.667 (158) УМ |
4 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:23.525 | + 0.715 (199) УМ |
5 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:23.650 | + 0.840 (101) СМ |
6 | Данил Квјат | Ред Бул | 1:24.293 | + 1.483 (170) УМ |
7 | Алфонсо Селис | Форс Индија | 1:24.840 | + 2.030 (133) СМ |
8 | Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:24.867 | + 2.057 (332) Ме |
9 | Маркус Ериксон | Заубер | 1:25.237 | + 2.427 (196) М |
10 | Кевин Магнусен | Рено | 1:25.263 | + 2.453 (264) М |
11 | Макс Ферстапен | Торо Росо | 1:25.393 | + 2.583 (231) Ме |
12 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:25.409 | + 2.599 (343) Ме |
13 | Естебан Гутиерез | Хас | 1:25.524 | + 2.714 (168) М |
14 | Валтери Ботас | Вилијамс | 1:25.648 | + 2.838 (214) М |
15 | Роман Грожан | Хас | 1:25.874 | + 3.064 (113) М |
16 | Паскал Верлајн | Манор | 1:25.925 | + 3.115 (125) М |
17 | Фелипе Наср | Заубер | 1:26.053 | + 3.243 (236) М |
18 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:26.082 | + 3.272 (122) М |
19 | Џолион Палмер | Рено | 1:26.189 | + 3.379 (79) М |
20 | Карлос Саинц ЈР | Торо Росо | 1:26.239 | + 3.429 (216) Ме |
21 | Фелипе Маса | Вилијамс | 1:26.483 | + 3.673 (163) М |
22 | Џенсон Батон | Мекларен | 1:26.735 | + 3.925 (135) М |
23 | Рио Харјанто | Манор | 1:28.249 | + 5.439 (129) М |
УМ - Ултрамеки
СМ - Супермеки
М - Меки
Ме - Медиум