Антонио Џовинаци од оваа 2017 сезона, се приклучи на Скудерија Ферари како нивни трет возач. Во текот на вчерашниот ден и денес тој имаше мини тест сесија на патеката Фиорано, каде за прв пат седна во Ф1 болидот на Ферари. Иако сега веќе две сезони стариот SF15-T понуди единствено искуство за овој млад талент. Во попладневните часови зад воланот седна и Кими Раиконен, кога Финецот мораше да се справи со дождливото време и силните ветрови. Сепак, тој комплетираше неколку круга.
Тестот беше одобрен од страна на ФИА, а Ферари имал за цел да ги спореди податоците добиени во симулатор со тие од вистинската патека. Тимот ќе се врати на оваа патека, на 9-ти и 10-ти Февруари, кога ќе има тест сесија за евалуација на Пирели гумите за влажно време.
"Чувството беше прекрасно, бидејќи за прв пат возев Ф1 болид. За еден Италијанец, возење на Ферари болид е неверојатно искуство. Самата тест сесија беше многу интересна, со толку многу процедури кои треба да се следат. Но, момците од тимот беа коректни кон мене и исклучително корисни, и се беше многу полесно. Би сакал да се заблагодарам на целиот тим."
ЏОВИНАЦИ: ВОЗЕЊЕТО ФЕРАРИ БОЛИД Е ПРЕКРАСНО
2/03/2017 02:01:00 PM
0
Share to other apps



