Ред Бул спаѓа во тимовите кои не се покажаа во најдобро светло и имаа незадоволувачки перформанси. Сите очекуваат дека Адријан Њуи ќе почне со измени на РБ13 кои ќе создадат победнички болид. Сепак, возачите и раководството се согласуваат дека, најверојатно нема да бидат во можност да го намалат нивниот дефицит во однос на Мерцедес АМГ до средината на сезоната.
Тимот на Заубер ќе има засилување, т.е. Паскал Верлајн, нивниот прв возач кој доби зелено светло од докторите да седне во нивниот болид за оваа сесија. Германецот беше принуден да ја пропушти првата тест сесија, поради болки во грбот по инцидентот за време на Трката на Шампионите во Мајами. Антонио Џовинаци, кој беше негова замена, ќе биде на располагање во Барселона во случај Верлајн да не може да го продолжи тестирањето.
Тимовите ќе треба да играат со отворени карти. Нема смисла да се оди во Мелбурн само мислејќи дека имате брз болид, туку тоа треба да се докаже и во пракса. Да се надеваме дека тоа е она што ние ќе добиеме, индикатор за парформансите на 2017 болидите и она што можеме да очекуваме во Алберт Парк, за првата трка од календарот, која е закажана на 26 Март за Големата Награда на Австралија.
ВОЗАЧИ ЗА ВТОРАТА ПРЕД СЕЗОНСКА ТЕСТ СЕСИЈА
ТИМ | ВТОРНИК, 7/3/2017 | СРЕДА, 8/3/2017 |
Мерцедес АМГ | Хамилтон/Ботас | Ботас/Хамилтон |
Ферари | Себастијан Ветел | Кими Раиконен |
Вилијамс | Фелипе Маса | Маса/Строл |
Ред Бул | Даниел Рикиардо | Макс Ферстапен |
Рено | Палмер/Хулкенберг | Хулкенберг/Палмер |
Форс Индија | Естебан Окон | Серџо Перез |
Торо Росо | Данил Квјат | Карлос Саинц ЈР. |
Заубер | Паскал Верлајн | Маркус Ериксон |
Мекларен | Штофел Вандорн | Фернандо Алонсо |
Хас | Кевин Магнусен | Роман Грожан |
ТИМ | ЧЕТВРТОК, 9/3/2017 | ПЕТОК, 10/3/2017 |
Мерцедес АМГ | Хамилтон/Ботас | Ботас/Хамилтон |
Ферари | Себастијан Ветел | Кими Раиконен |
Вилијамс | Строл/Маса | Ленс Строл |
Ред Бул | Даниел Рикиардо | Макс Ферстапен |
Рено | Палмер/Хулкенберг | Хулкенберг/Палмер |
Форс Индија | Естебан Окон | Серџо Перез |
Торо Росо | Данил Квјат | Карлос Саинц ЈР. |
Заубер | Верлајн/Ериксон | Ериксон/Верлајн |
Мекларен | Штофел Вандорн | Фернандо Алонсо |
Хас | Кевин Магнусен | Роман Грожан |